• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Денес каптажаниот систем го посетија претставници од општина Охрид, претставници од германската амбасада во Македонија, како и првите луѓе на месната заедница од Куратица.

 |  Мишел Наумоски  | 
kaptazi
каптажи

После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно еден од најголемите.

mz Kuratica„Можеби проектот според финансиската конструкција е мал, сепак за локалната самоуправа и особено за жителите на месната заедница Куратица, овој проект е од фундаментално значење и со тоа се зголемија перформансите на овој водоводен систем и од о, 2 литри во секунда колку што беше претходниот капацитет на овој каптажен систем, се зголеми на 2,5 литри во секунда. Тоа е голема придобивка за луѓето кои што живеат во овој крај, но во исто време со другите помошни работи кои се изведуваа за реализација на овој проект, се овозможува на овој крај одлични предуслови за развој на руралниот туризам.“-вели Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Каптажниот систем го посети лично и амбасадорката на Германија во Република Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер.

kaptaza„Овој проект е навистина еден елемент од нашата соработка со Охрид и регионот на Охрид, со кој веќе имавме многу заеднички проекти, но многу се надевам дека ќе продолќиме со интересни проекти, можеби во областа на туризмот, особено. Мислам дека оваа убавина треба да ја видат што повеќе луѓе.“-вели амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер.

Поранешниот соработник на амбасадата за мали проекти, Ванчо Ефтимов вели дека е изненаден од брзината со која е реализиран овој проект.

„Овде во овој проект навистина многу се потрудија пред се Горан Мицкоски, многу брзо се направи, невообичаено бидејќи многу проекти имаме досега реализирано, низ цела Македонија, во јуни бевме овде на извидување за да видиме на лице место како изгледа постпаката, во јули го потпишавме договорот и во Септември овие градежни работи обично должат, но овде навистина го поздравувам брзото и ефикасно работење.“-изјави Ефтимов.

Како дел од посетата на каптажаниот систем кој се наоѓа во месноста „Мазатар“, месната заедница од Куратица имаше подготвено и видео презентација од целокупниот процес на реконструкција и изградба на новиот каптажен систем, со кој жителите на Куратица конечно ја добија потребната количина на вода за пиење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top