Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа

Ќе се смени состојбата на подобро во струшкиот Завод за нефрологија со издавањето под концесија на центарот за дијализа, смета министерот за здравство Никола Тодоров. Тој ги охрабри вработените дека комплетно ги гарантираат нивните права.

 |  Николоска Биљана  | 
dijaliza
дијализа

dijalizaОтуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените.

„Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена установа. Дури им даваме можност да преминат во новата здравствена установа и во рок од две години доколку не се задоволни од условите таму да се вратат повторно во јавната задравствена устанва и на тој начин се комплетно заштитени. Исто така има банкарска гаранција која гарантира дека навремено ќе се исплаќаат платите и тоа е еден ите за раскинување на лиценцата за целиот регион“.

dijalizaТодоров нагласи дека не се работи за нешто ново, туку напротив станува збор за реализација на идеја која неколку години се разгледува во ресорното министерството, при што дошле до заклучок дека со издавањето на дијализата под концесија ќе се подобри нивото на квалитет на дијализа во Македонија.

„Слободно можам да кажам јавно и отворено, имавме лоша состојба, имавме огромен процент на апарати заразени со хепатит, имавме лоша здравствена инфраструктура, а сега имаме предвидено да се донесат нови апарати, имаме предвидено да се отпочне во еден процент и со хемодијафилтрација, значи повисок стандард“.

Како што веќе информиравме пред три месеци вработените на оваа специјална болница не сакаа министерството за здравство да потпише издавање на дијализата под концесија од причина што сметаа дека болница е многу повеќе отколку самиот процес на дијализа кој трае 4 часа. Тие потенцираа дека струшкиот центар за дијализа важи за регионален центар во кој се лекуваат голем број на пациенти од државава, особено од Западна Македонија, но и од соседните градови од Албанија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top