Тодоров отворено проговори за дел од проблемите во здравството

Над милион евра годишно изнесува сумата со која треба да се платат здравствените работници во земјава на кои треба да им се признае високо образование, обелоденува првиот човек на македонското здравство Никола Тодоров.

 |  Николоска Биљана  | 
todorov
тодоров

todorovДоктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште  утре ќе го вработиме.  Ваков е коментарот  на министерот за здравство Никола Тодоров  за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети.

„Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го вработиме. Затоа што не се не се водело сметка за човечкиот потенцијал во здравството ниту се вработувале ниту се праќале на специјализација. Е тоа е проблемот а доктор не се ствара преку ноќ тоа е долг процес, да заврши факултет, па државен испит, па специјализација, па една година рабта под менторство така да тоа е еден процес повеќе од 12 години. Затоа бараме други начини или други типови на решенија измеѓу“.

todorovВо  здравствените институции проблем имаат и 547 здравствени работници од земјава со виша или висока школа а земаат примања како со средно образование. Меѓу нив има медицинари и од охридските здравствени институции. Причината е од финансиски природа и затоа менаџерите на медицинските установи тешко се одлучуваат да го признаат тоа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров. Тој убедува дека ресорното министерство започнало да прави анализи и известува дека состојбата ќе биде разгледувана на владина седница.

„Имајќи предвид дека станува збор за прилично скап проект, ова би било проект кога би се признало образованието на сите овие неколку категории на здравствени работници тоа годишно ќе донесе сериозни трошоци кои што би се движеле над милион евра. Е сега треба да видиме во која динамика и за кој здравствени работници тоа треба да се направи. Во секој случај треба да се направи, јас посебно како поранешен министер за образование не можам да кажам дека образованието не треба да се вреднува, напротив треба да се вреднува и во тој правец работиме“.

Тодоров за крај истакна дека министерството при крај е со постапката за поставување на новите менаџерските тимови  во сите медицински установ и во земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top