Здравствениот дом во Вевчни е стабилна здравствена установа која што дава квалитетна услуга, истакна Никола Тодоров, Министерот за здравство. Тој денес беше почесен гостин во Здравствениот дом по повод два јубилеи, 50 години од ренген одделението и 10 години од мамографија.
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво.
„Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има поддршка и од локалната самоуправа и од Министерството за здравство и ќе оди на понатамошно усовршување“.
Министерството за здравство во иднина ќе биде посветено на унапредување на состојбите во Здравствениот дом во Вевчани, изјави министерот Никола Тодоров. Додаде дека тоа ќе го направат бидејќи станува збор за здравствена институција која што дава квалитетна здравствена услуга.
„Денеска за прв пат се пушти во употреба и подстаницата за парно греење со нов комплетно реновиран котел кој што беше прилично застарен и имаше големи трошоци на енергија и не беа затоплени. Инвестиравме како Министерство за здравство некаде околу 3 милиони денари, тоа е инвестиција која што се надополнува на претхоната инвестиција која што ја имавме во изградба на настрешница, реконструкција на вратите дел од прозорите и внатрешноста на Здравствениот дом. Овде одлично функционира и електронскиот систем на закажување, опремен е со дијагностика, со лабараторија има доктори и специјалисти ново амбулантно возило“.
Тодоров во рамките на посетата одговори и на новинарско прашање кое се однесува на неодамна дадената изјава на Зијадин Села струшкиот градоначалник, кој бил против тоа жителите од околните струшки села да се лекуваат во Здраствениот дом во Вевчани сметајќи дека тие тоа треба да го прават во Струга или да се отвори нов Здравствен дом во село Лабуништа. Министерот категоричен дека нема причина да се цепка здравството, бидејќи тоа носи само повеќе трошоци и намалување на квалитетот на здравствена услуга
„Тоа не е правило кое што јас го измислувам тоа е постулат кој што постои во сите развиени земји и од тој аспект мислам дека цепкањето на здравствени установи нема да доведе до прогрес напротив ќе доведе до регрес или уназадување на нивото на здравствена заштита кое се дава. Јас напратив би рекол дека Здравствениот дом во Вевчани треба да го зајакнеме дополнително“.
Според министерот Тодоров држи барањето во Лабуништа да се унапредува здравствствената заштита, поради што таму веќе се реконструира амбулантната станица која им била ветена на мештаните. Инаку вевчанци пред министерто Тодоров се покажаа како добри домаќини, го пречекаа со песна и оро од нивниот крај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град