Kаква ќе биде судбината на ЈП „Погребни услуги“?

Сеуште не се знае каква ќе биде судбината на ЈП „Погребни услуги“, односно дали истото ќе згасне. Директорот на ЈП „Градски гробишта“ Зоран Симоноски  вели дека за тоа треба да одлучи Локалната самоуправа. Додела пак од Локалната, воздржани со коментар.

 |  Николоска Биљана  | 
grobista
гробишта

ЈП „Погребни услуги“ поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа неможе да го опслужува полигонот за обука на возачи кај градските гробишта.zoran Надоместокот од 6 000 денари месечно од охридските авто школи очигледно не е доволен претприајтието да стои на здрави нозе. Поради тоа на вчерашната седница со одлука на Совет, полигонот беше отстапен на ЈП „Градски гробишта, кое понатаму ги презема сите обврски за негово оддржување. Исто така на ова ЈП претпријатие му беше отстапено и возилото фолсфаген. Дали тоа се сигнали дека згаснува ЈП „Погребни услуги“, Зоран Симоноски, директорот на „Градски гробишта со став. „

„Значи јас  не би можел тоа да го кажам дали ќе згасне или не, тоа е работа на Локалната самоуправа а што се однесува на точката за преземањето на возилото, се работи за комби со носивост еден тон, исто така тие две возила што ги поседува ЈП „Погребни услуги“, во моментов бидејќи не ја обавуваат својата дејност, така лежат да не кажам скапуваат, од друга страна со зголемениот обем на работа на Градски гробишта во делот на градежништвото и тоа како ни е потребно тоа возило за да ги обавуваме нашите градежни работи надвор од кругот претпријатието“.

grobistaНа вчерашната седница беше донесена уште една важна одлука, намалување на цената на гробарината од 720 ден на 600. Симоноски вели дека тоа се должи на благото подобрување и стабилизирање на состојбите во претпријатието. Тој најави дека таа сума и во иднина ќе се намалува.

„Оние најави во претходните на седници дека ќе има намалување, ние пристапивме кон една темелна финансиска анализа и пак ќе повторам со оглед на тешката финансиска катастрофална ситуација што ја затекнавме во ЈП во овој момент можеме само до тој лимит да ја намалиме гробарината“.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески во врска со прашањето дали на ЈП „Погребни услуги“, му се заканува негово згаснување, се воздржа од коментар пред камерата на ТВМ. Кратко образлижи дека сеуште се анализираат приликите во претпријатието. А за тоа каква ќе биде неговата судбина според Спасески ќе зависи пред се од заклучоците на анализите, односно од тоа дали ќе успеат да добијат лиценца за погребни услуги, која доколку ја обезбедат ќе може претпријатието да се извлече од тешката финансиска состојба.

{loadposition contetn9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top