Покрај богатата културно- уметничка програма, беа доделени и највисоките општински признанија- наградата и повелбите Свети Климент Охридски.
Покрај богатата културно- уметничка програма, беа доделени и највисоките општински признанија- наградата и повелбите Свети Климент Охридски.
Големиот број посетители во Центарот за култура имаа можност да ја проследат Свечената академија во чест на заштитникот на Охрид.
Вечерва, духот на Св. Климент сите нас кои живееме во Охрид не исполнува со своевидна гордост што сме жители на овој свет град, со овие зборови им се обрати на гостите, градоначалникот Александар Петрески.
Во рамки на свеченоста, беа доделени највисоките општински признанија – наградата и повелбите Св. Климент Охридски. Наградата Свети Климент Охридски“ што се доделува за животно дело ја добија: писателот и дипломат Трајан Петровски и професорот од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Миладин Крстаноски.
Трајан Петровски, истакна дека му претставува голема чест што ја добива оваа награда- како своевидна круна на неговото пет децениско творештво.
Повелбата Св. Климент Охридски, која традиционално се доделува на истакнати личности и институции за особени заслуги за развојот и афирмацијата на градот Охрид во Македонија и светот, годинава ја добија: веслачите репрезентативци Александра и Александар Иваноски, интернет порталот „Ohridnews“ и д- р Анастасика Попоска, специјалист по ортопедија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во рамки на свеченоста покрај најмладите охриѓанчиња, градскиот хор, пијанистката Емилија Маринова, настапи и познатата етно група „Синтезис“ придружувана од големиот музички талент Миланка Новеска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град