Каналот „Студенчишта“ ќе се проширува во делот со кој располага Министерството за одбрана. Станува збор за чистење на 150 метри од страната на кампот за обука на вода, со што во наредниот период би се зголемил капацитетот за паркирање на пловни објекти во каналот.
Државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, при денешната посета на Охрид, најави проширување на каналот во делот со кој располага кампот за обука на вода. Тој воедно нагласи дека со општина Охрид имаат добра соработка која треба да се продлабочи.
„Ќе имаме можност да поразговоарме со војниците кои што се тука сместени, да ги погледнеме условите во кои тие живеат и работат се разбира да погледнеме што е она што ние како министерство за одбрана може да го направиме за овие луѓе во наредниот период да ја зголемиме понудата на овој камп и секако како министерство да дадеме придонес со тоа што ќе го уредиме делот од каналот кој што е во линија на кампот за обука на вода т.е, со заеднички напори со инженериските единицида исчистиме 100- 150 метри од оваа страна на каналот со што би се зголемил капацитетот за паркирање на пловни објекти на каналот што е едно од најголемите барања на граѓаните посебно во летниот период“.
Стефаноски најави дека во догледно време Центарот за обука на вода може да прерасне и во регионален центар. Додаде дека визијата на Министерството за одбрана е да гради мала, мобилна но многу добро обучена и ефикасна армија.
„Нашите капацитети кои што ги вложуваме се во правец нашите центри за обука кој што ги имаме да ги издигнеме на степен да можат да служат не само за обука на нашите војници туку да делуваме и регионално т.е. да успееме да ги наметнеме како центри за обука и за земјите од Југоисточна Европа“.
Државниот секретар Стефаноски, покрај посетата на Центарот за обука на вода, беше и во Регионалниот центар за одбрана а на неговата агенда се најде и свеченото затворање на Регионалната школа за Сајбер одбрана, која изминативе денови беше организирана како дел од НАТО – програмата „Наука за мир и безбедност“, во организација на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град