Современиот начин на живот, брзото темпо и се подолгото работно време, влијаат врз општествениот, семејниот и љубовниот живот.
Современиот начин на живот, брзото темпо и се подолгото работно време, влијаат врз општествениот, семејниот и љубовниот живот. Во трката за профит или егзистенција луѓето се помалку време имаат за семејството и социјализирање. Таа појава не ја заобиколува и нашата земја. Слободан Антовски претседателот на УНАСМ вели дека македонците тешко жонглираат со работните обврски, семејниот живот, и други интереси во слободно време доколку воопшто го имаат.
„Ние како синдикат мора да се обидуваме и да бараме начини како тоа да биде во краен случај ова што се води како пропаганда за прогресија на фамилиите за наталитетот тоа мора да биде начин на кој што ќе се усогласи, посебно говорам за жените кои што е идни мајки, мајки кои што сега чуваат деца, значи мора да се излезе во пресрет како тоа да го усогласат бидејќи ако сакаме да изградиме една добра генерација, мајките се делот од кај што почнува детството од каде што се дава насока за животот, така да сметам дека многу важен дел е да се разговара не само во синдикатите туку и воопшто и властите и политичките партии да дадат внимание на тоа ниво“.
На оваа тема, сликата во Р. Германија од каде што доаѓа претставникот на ЕЗА Матијас Хоми е сосема поинаква. Тој нагласи дека во Македонија сиромаштијата е многу важна тема, односно невработеноста, меѓутоа и оние кои што се вработени имаат преоблеми.
„Германија има голема среќа во моментов, бидејќи ситуацијата на пазарот на трудот е подобра отколку пред кризата, така нашата ситуација е најдобра во Европа и затоа ние можеме да зборуваме за конкретни најдобри практики во компаниите за усогласување на работата и семејниот живот и можеме да зборуваме за флексибилно работно време и со оглед на се ние сме во многу добра ситуација. Меѓутоа свесни сме дека сите други земји имаат висока стапка на невработеност“.
Претставничката на ЕЗА од Полска Ана Москва зборуваше за состојбата во новите земји челнки на Европската Унија кои се соочуваат со тешката економска криза како што е Полска Романија, Чешка и Словачка.
„Кризата прво ги допира односно влијае на семејствата. Најголем проблем е високата стапка на невработеност меѓу младите и потешкотиите на жените кои што се враќаат на пазарот на трудот по породилно отсуство. Двата проблеми се својствени за цела Европа меѓутоа не толку многу во западно европските земји, Германија, Белгија, Италија исто така, се фокусираат на еднакви можности помеѓу мажите и жените во приватниот, семејниот и професионалниот живот. Меѓутоа платите меѓу мажите и жените не се еднакви“.
Денес во хотел Климетица Охрид се одржа регионален семинар на тема „Улогата на синдикатите во усогласување на семејниот и професионалниот живот“, на која за прв пат се дебатира во нашата земја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град