Со заеднички искуства до поквалитетни ЕУ проекти

Македонски и албански невладини организации заеднички ќе учат како да пишуваат проекти по стандардите на Европската унија.

 |  Мишел Наумоски  | 
SEGA
СЕГА

Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект.

nevladini„Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините организации во градење на нивните капацитети да подготвуваат проекти. Проекти кои очекуваме да бидат подготвени. Тие ќе се однесуваат специфично на одредени потреби односно проблеми кои ги имаат младите во градовите покрај границата од македонска и од албанска страна. Што значи дека со овој проект ние делуваме само на невладините организации, да ги научиме да пишуваат добри проекти и во текот на целиот процес да изработат квалитетни проекти кои што ќе третираат одредени прашања на младите како што се социјалното вклучување, вработувањето на младите.“-вели Зоран Илиевски од Коалицијата на младински организации-СЕГА.

nvo proektОд албанска страна во проектот учествуваат пет нови невладини организации, со нови активности на кои ваквата можност за зајакнување на капацитетите и тоа како им е потребна.

„Овие пет избрани невладини организации од Албанија и Македонија имаа различни активности како на пример научни посети. Сите учесцници имаа можност да посетат невладини организации овде во Македонија, во Струга, Охрид, Битола и Прилеп и во Албанија различни невладини организации во Елбасан, Корча, Поградец. Имаа можност да видат одблиску како овие невладини организации функционираат во обете земји, како им пристапуваат на своите активности и како работат со своите таргет-групи, со цел да учат од најдобрите искуства и да споделат различни мислења.“-рече проект асистентот, Егландила Лула.

nevladini so SEGAА искуствата и проблемите според невладините организации се слични и во двете земји.

„Проблемите реално се исти. Младите се соочуваат со невработеност. Тоа е еден од најголемите проблеми. Можеме да кажеме дека активностите кои ги прават самите албански огранизации се во една генерална слика истите како и оние кои ние ги правиме, а самите граѓански организации спроведуваат одредени работилници за професионални ориентации, тренинг-семинари за млади кои ќе им дадат можност полесно да се вработат. Во овој момент мислам дека би можеле да дојдеме до една заедничка идеја која би работела во двете држави.“-изјави Миле Димкоски од Младинскиот совет од Прилеп.

Инаку по завршувањето на оваа работилница ќе следат уште четири други работилници од двете страни на границата во кои што конкретно ќе се развиваат проекти. Организаторите од коалицијата на  младински организации СЕГА, очекуваат во период од два месеци да бидат подготвени најмалку 5 апликации односно предлог-проекти за поднесување пред Европската комисија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top