Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска
Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан можеа да бидат присутни и луѓето од катедрата на албанологија при МАНУ, каде има многу силни и моќни научници.
„Историчарите го толкуваат малку поинаку тој настан. Јас лично се заложив во институтот за национална историја да го дообјаснат и ми се чини дека процедурата понекогаш треба да оди поинаку. На кој начин, треба да се побара изим би рекла или статус или вистинска бела хартија или нота дека тоа е така дека тој настан бил така од институтот, потоа советот на градот во случајот во Струга да го изгласа тој момент и потоа да се гради. По малки сме научени да не одиме преку институциите туку да одиме на поинаков начин и затоа апелирам некако ставовите на научните институции да се почитуваат“.
Академик Цветко Грозданов пак, изненаден е од чинот на скоро избраниот претседател на Академијата за науки од Р. Албанија, Музафер Куркути, со која земја негуваме добра соработка, како што и самиот вели.
„Два дена после устоличувањето, хиротонијата да ја речам на Коркути се чудиме што тој сака да ја ревидира македонската енциклопедија во која има доста грашки но ние досега немаме албанска енциклопедија нека направат албанска енциклопедија зошто да не. Неговата појава во струшко ја знае добро струшкиот музеј бидејќи таму има доста сакрални црквени објекти во струшко кои се под охридската епископија уште од 14 век и тоа се доста познати и ако сме малку патријахални а сме, било редно колегата Куркути да се најави во МАНУ бидејќи имаме и документи склучени заеднички за соработка“.
Од МАНУ информираат дека на прашањето во врска со присуството на албанскиот претседателот на Академијата за науки и уметности, на откривањето на неколку спомен обележја во струшките села, подетално ќе дадат одговор во периодот што следи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град