Дичо Зограф е човекот кој со боја и масло од Бигорскиот манастир тргна и ги научи и другите низ целиот свет да живописаат и пораките да бидат директно пренесени од библијата не со збор туку со масло, составено од неговиот ум и неговото книжевно сознание за целиот свет. Денес МПЦ во чест на 140 год од упокојувањето на големиот македонски зограф Дичо Крстевич одржа меѓународен научен собир.
По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби се пронајдени во струшко и охридско. Во Охрид за две години нацртал 40 икони работејќи во храмовите “Свети Никола Геракомија”,”Света Богородица Челница”,”Света Богородица Каменска”,”Света Богородица Болничка”,”Света Богородица Перивлепта” и во “Свети Димитрија”. Но што се прави да се заштити она што зад себе го оставиле големите зографи како Дичо, г. Тимотеј со одговор.
„ Најголем дел се заштитени, она што го имаме зачувано а добар дел е украдено како што знаете, меѓутоа тоа е виша сила. Не се ослободувме од обврска да ги заштитиме колку што можеме повеќе. Ние правим она што можеме и мислам дека во последно време релативно добро успеваме“.
Овој собир е од историско значење бидејќи претставува поттик за научната мисла во Р. Македонија смета претседателот на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска
„Ова треба да биде само показател како институциите а тоа значи институтот за национална историја понатаму МАНУ треба да го изучуваат овој првенец зограф би рекла и родоначалникот на фрескоживописањето во Р. Македонија Дичо Зографот е човекот кој на целиот свет му покажа како со боја и масло од Бигорскиот манастир тргна и ги научи и другите низ целиот свет да сликаат и пораките да бидат директно пренесени од библијата не со збор туку со масло, составено од неговиот ум и неговото книжевно сознание за целиот свет. Поврзаноста на Бигорскиот манастир со Света Гора и со Хилиндер дирекно укажува дека сликарството и цивилизацијата започнува од Дичо Зограф. Се мисли на цивилизациската уметност на сликарската уметност“.
Одржувањето на симпозиум посветен на Дичо Зограф е голем настан, вели познатиот академик Цветан Грозданов. Станува збор за еден великан од време на преродбата кој што е малку познат иако цела Македонија добро го знае, но го знаат и другите региони.
„Неговата подвижност е неверојатна и фрапантна. Бидејќи станува збор за скоро 3000 икони за кои што сеуште се трага а сигурно е дека само во Западна Македонија има над 2000 икони кои што се регистрирани јавно“.
Г. Тимотеј најави дека за неколку години, по повод 200 годишнината од раѓањето на Дичо Зограф, тој јубилеј ќе се одбележи со поголемо внимание од страна на Дебарско – кичевската епархија и со поголема научна присутност и вклучување на други научни просветни институции во Р. Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град