Започна едукација на општинската администрација која ќе допринесе за зголемување на ефикасноста.
Едукација за општинската јавната администрација преку која ќе се подобрува нејзината ефикасност и ефективност. Преку оваа обука која ја спроведува Британската амбасада се нагласува потребата на изнаоѓање на постапки, методи и алатки кои ќе овозможат проценка и подобрување на квалитетот на јавниот сектор и кавалитетот на услугите кои администрацијата има ја дава на граѓаните.
„На мое лично задоволство и Охрид е една од трите општини во Р Македонија, кои се вклучени во пилот програмите за имплементација на алатки за инструменти за управување со кавлитет, како што е заедничката рамка за проценка која општина Охрид ќе има можност низ период од шест месеци да ја спроведе во рамки на локалната администрација“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Оваа обука или процес на имплементација ќе вроди со градење на нов правец на работењето на јавниот сектор на локалната самоуправа кон современа и професионална јавна администрација.
„Многу сум среќна што денес сум тука кога го започнуваме овој проект. Британската Влада, многу години работеше со јавната администрација во Македонија и ова е прв пат да го имплементираме овој проект во три различни општини, како што кажа градоначалникот, работиме во Тетово, Охрид и општина Центар, и работиме на програмата за воспоставување рамка за заедничка проценка, што на големо се користи во ЕУ, посебно во обединетото кралство. Се надевам дека ова ќе биде многу корисно за општините во Р Македонија, посебно тука во Охрид“истакна заменик шефот на мисијата, Кристин Винтербурн.
„ Стандардот е насочен кон подобрување на системите и процесите внатре во организацијата, кон подобрување на начинот на програмирање со цел подобри услуги на граѓаните и подобра и потранспарентна услуга“, истакна Неда Малеска Сачманоска преставник на центарот за управување со промени.
Гостите од Британската амбасада, доаѓаат по покана на градоначалникот Никола Бакрачески кој непосредно по преземањето на мандатот на првата средба со британските дипломати побара тие да се вклучат во градењето на современа и едуцирана општинска администрација.
Локалната администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на Европската Унија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град