Охриѓани се хумани, а кај голем дел од нив е развиен волонтерскиот дух, вели претседателот на Црвен Крст, Сашо Точков. Од ангажираноста на волонтерите зависи успешноста на нашата организација, додава тој.
Во охридската организација на Црвениот крст има преку 1200 волонтери од кои околу 800 се активни. Според овие бројки охридската организација е прва во Македонија. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација. Голем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Стефани Данеска е една од нив.
Мотивот што станав волонтер во охридскиот Црвен крст е желбата да им помогнам на моите врсници на кои им е потребна помош, но и на постарите лица кои се немоќни, вели Стефани Данеска -волонтер.
Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков вели дека волонтерството е сила која креира, мотивира и развива. Тој објаснува дека покрај желбата за да ја искажат својата хуманост волонтерите имаат уште и многу други причини за да се ангажираат во ова невладина организација.
Ние сме дел од глобалната мрежа на волонтери кои делуваат во конфликти, природни катастрофи и лични неволји, вели Сашо Точков-претседател на ЦК-Охрид. Преку нашите програми и активности се грижиме за заштита и унапредување на здравјето на луѓето и унапредување на животната средина, учествуваме во социјално згрижување на загрозените – давање соодветни видови помош на загрозените во случај на вонредни состојби како што се елементерни непогоди, воени состојби и кризи, овозможуваме ранливата категорија луѓе да биде подготвена и да се справи со непогодите во својата средина, го мотивираме населението за доброволно дарување крв, ги шириме знаењата за меѓународното хуманитарно право, реализираме социјално-здравствени програми за младите, додаде претседателот.
Инаку, во РМ има 5000 волонтери од кои 3700 се активни. На светско ниво има 130 милиони волонтери, а оваа бројка секојдневно расте.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град