Борците од Охрид и Дебрца свечено ги одбележаа 11-ти Октомври и Денот на борецот

Положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата, а за значењето на Денот историски час одржа пензионираниот проефсор по историја Наце Иваноски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Krste Krstanoski
Крсте Крстаноски

 

Во одбележувањето на 11 Октомври Денот на востанието на Македонскиот народ како и Денот на борецот се приклучија и борците од Охрид и Дебрца. Тие денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата
„Единаесетти окотомври за Македонија и македонскиот народ како и за националните заедници кои живеат во Македонија го одбележува почетокот на последното востание на македонскиот народ за остварување на сите цели за кои се бореле претходните востаници“ истакна Крсте Крстаноски еден од преживеаните учесници од НОВ. Крстаноски и Васо Цветаноски и двајцата борци, учесници во НОВ истакнаа дека од година во година значењето на овој празник бледнее.

borci„Очигледно е дека значањето на овој ден постепено бледнее, се губи, иако станува збор за еден од најзначајните датуми за Македонија и македонскиот народ. И Официјално и денес на прославата а и на многу други прослави и собири поврзани со овој дел од историјата кој единствено е плодотворен и ослободително заврши, не се спомнува воопшто дека 11 Октомври дека покрај ден на востанието истовремено е и Ден на борецот“ вели Крстаноски.

Во просториите на Општинската организација на борците од Охрид и Дебрца, за значењето на денот историски час одржа пензионираниот проефсор по историја Наце Иваноски.„Македонскиот народ во својата историја минувал низ големи голготи и рагедии, кои пак раѓаа големи јунаци и светли датуми, а еден од тие светли датуми е 11 Октомври.“, истакна Иваноски.

istoriski cas„Посебна тежина има  11 Октомври зошто тогаш беше означен почетокот на едно востание кои ќе трае во наредните четири години и за разлика од сите востанија кои дотогаш ги водеше Македонскиот народ, ова востание го даде и крајниот резултат за кое беше и водено. 45-та кога заврши востанието беше формирана македонска држава со сите обележја на држава прв пат после пропаста на Самоиловото царство“ потенцира професорот Иваноски.

Тој им порача на генерациите сегашни и идни никогаш да не ги заборават паднатите борци кои го дадоја својот живот за слободата, а не се малку. За тие 4 години, 25 000 македонски синови и ќерки го дадоа животот за формирање држава чии благодети ги уживаме ние сега.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top