И Охриѓани чистеа за „Македонија без отпад 2013“

Се чистеше охридското кале од паркингот кај Горна Порта до Лабино, околу Самоиловите тврдини, како и потегот од Плаошник до црквата Свети Јован Канео.

 |  Мишел Наумоски  | 
akcija otpad
акција отпад

И Охрид дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад 2013“. Охридската акција се спроведе на калето, почнувајќи од паркингот пред Горна порта до месноста Лабино, потоа околу Самоиловите тврдини, локалитетот Плаошник па се до црквата Свети Јован Канео. Од рано изутринава екипи од ЈП „Охридски Комуналец“, го собраа сметот на овие неколку локации, а потоа истиот беше подигнат од вработени во претпријатието. Годинешната акција беше поддржана и од општина Охрид.

Makedonija bez otpadГлавен организатор на големата акција е Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде велат дека загадувањето на животната средина се повеќе станува културолошки, а се помалку еколошки проблем.

„Акцијата веќе станува традиционална, и добро е што тоа е еден начин за едукација и еден начин за подигање на јавната свест, посебно на младата популација, затоа што веруваме дека со таков пристап единствено со таков пристап, ќе можеме да го смениме културолошкиот однос кон отпадот и кон животната средина пред се, и да влеземе во една нова фаза каде што општеството ќе го градиме врз основа на чист секој еден дел од животната средина во кој што живееме. Ние како генерација може нема да стигнеме за тоа, меѓутоа младата генерација верувам дека ќе има таков пристап.“-вели преставникот од Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Паноски.

ucenici OU "Hristo Uzunov" eko akcijaВо акцијата се вклучија и еколошките секции на општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Христо Узунов кои ги исчистија своите училишни дворови.

„Како завршна активност во нашето училиште одлучивме да направиме нешто забавно и интересно. Го организиравме овој мобфлеш на плоштадот, а како дел од проектот „Македонија без отпад 2013“ инаку како што можете да видите на бимот, имавме разни еколошки активности како средување на училишниот двор, имаше многу предавања, дискусии за отпадот, како да се решиме од отпадот, децата беа многу активни.“-рече Јулијана Шишоска, наставник во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.

Инаку акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот, едукација и промоција и се реализира на целата територија на Република Македонија. Таа е дел од проектот „Македонија без отпад 2013„ кој е одобрен од Владата на Р.Македонија и веќе втора година се реализира од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а воедно е дел и од глобалната акција Let`s do it World.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top