Наградата Свети Климент Охридски“ за животно дело ја добија: писателот и дипломат Трајан Петровски и професорот од Факултетот за туризам од Охрид, Миладин Крстаноски.
Наградата Свети Климент Охридски“ за животно дело ја добија: писателот и дипломат Трајан Петровски и професорот од Факултетот за туризам од Охрид, Миладин Крстаноски.
Претседателот на комисијата за доделување награди и признанија, д- р Крсте Стојаноски ги соопшти имињата на годинешните добитници на највисоките општински признанија.
Годинава конкуренцијата била силна. Поднесени биле 22 апликации, од кои шест за наградата Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид и 12 за повелба.
Д- р Крсте Стојаноски истакна дека членовите на комисијата донеле едногласна одлука: Св. Климентовата награда за животно дело за придонес во интерес на развојот на општината да ја добијат: истакнатиот македонски писател и дипломат Трајан Петроски и Проф. д- р Миладин Крстаноски, професор на факултетот за туризам во Охрид.
Добитници на повелбите Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид се: д- р Анастасика Попоска, специјалист по ортопедија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Братот и сестрата , веслачите Александра и Александар Иваноски, и електронскиот весник Ohridnews кој работи веќе две години.
„Повелбата се доделува поради успешната двогодишна работа на весникот и постигнатите големи резултати“, рече Претседателот на комисијата за доделување награди, д- р Стојаноски.
Церемонијата за доделување на наградите е предвидена за утревечер, на Свечената академија по повод патрониот празник на градот, Свети Климент Охридски“ која ќе започне во 20 часот во Центарот за култура.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град