Регионални депонии ќе се прават од следната година

Ова го најави министерот  за животна средина и просторно планирање. Преговорите со локалните власти  за деталите околу изградбата на регионалните  депонии се во тек, информира министерот.

 |  Билјана Ќосеска  | 
deponija
депонија

За само неколку месеци, општините ќе се отарасат од депониите. Овој проблем што ги гуши сите градови а не ја одминува ниту Струга, е приоритет на министерството за животна средина. При  неодамнешната посета на министерот Неџати Јакупи во Струга,  тој кажа дека стратегијата и планот за управување со отпад, е првите работи  кои  треба да ги реши ресорното министерство како и владата на Р.Македонија.  Министерот истакна дека за решавање на оваа проблематика, се во постојани контакти со локалните власти на општините и верува дека за скоро време ќе се изнајде решение.

„Секако дека за охридско-струшкиот регион е предвидена една регионална депонија.Штом се прибават сите потребни документи  ќе се изгради депонија која би била за потребите на двете општини“-истакна Неџати Јакупи, министерот  за животна средина и просторно планирање.

deponijaБидејќи овој проблем ги засегнува речиси сите градови во Македонија, Јакупи најави дека  ресорното министерство предвидува 5 до 6 регионални депонии низ целата држава. За охридско-струшкиот регион,  сеуште не се знае на кои места  ќе се носи сметот.

„За локацијата било една или друга, ќе одлучиме заедно со локлните власти, на која местоположба би се наоѓала“-вели министерто Јакупи.

Во Струга речиси две години сметот се излага во струшко поле, со тоа освен што се загадува земјоделското земјиште, на  мета  се и граѓаните. Стружани веруваат дека за скоро време ќе се решиовој проблем.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top