Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз

Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација задоволни од иницијативата на локалната.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobusi
автобуси

Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална  треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа АД Галеб Охрид и Димакс експрес. кружен тек

До згаснување на овие две линии дојде поради пропуст во тогашниот договор, но и поради немање економски бенефит за автопревозниците, објаснува портпарплот на локалната Томе Џамтоски . Тој додава дека сега постапката ќе започне од почеток и граѓаните повторно ќе можат да го користат градскиот линиски превоз.

Овој превоз според бившата локална самоуправа требаше да се одвива по симболична цена, а за посебните групи на граѓани, за пензионери и други да биде бесплатен. Од локалната најавуваат дека и сега цените за превозот не ќе бидат високи и ќе изнесуваат околу 20ден. Покрај на возобновување на линиите ќе се работи и на санација на автобуските постојки кои се наоѓаат во незавидна состојба, најавува Џамтоски.

Се размислува на местото на постојките да се постават и киосци кои ќе служат како рекламен простор за фирмите кои ќе го спроведуваат превозот и тие ќе се должни и да ги одржуваат постојките, а не локалната како што досега беше случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top