Нуркачи го чистеа Охридското езеро од цврст отпад

Втор глобален подводен ден на заштита и чистење. И годинава нуркачи од цела Македонија го дадоа својот придонес во чистењето на Охридското Езеро од цврст отпад.

 |  Мишел Наумоски  | 
nurkaci
нуркачи

Околу четириесеттина нуркачи од цела Македонија, со заеднички сили го чистеа Охридското Езеро од цврст отпад. Нивната тридневна акција опфати три локации долж брегот на езерото и тоа, зоната кај Лагадин, Десарет и пред градското пристаниште. Нивната акција е воедно дел и од вториот глобален подводен ден на заштита и чистење. Годинава, акцијата која е во организација на Глобалната подводна асоцијација, и со дополнителна цел, обид да се влезе во Гинисовата книга на рекорди со истовремено учество на нуркачи од 80 земји во светот во чистење на водите.

nurkaci ezero„Ние се трудиме постојано да бидеме присутни на Охридското езеро, со тоа што секоја година сметаме дека нивото на кое граѓаните што живеат во Охрид, се едуцираат, е на високо рамниште. Тоа значи дека ја сфатиле суштината, дека се буди свеста, дека не треба да се фрлаат тврди отпадоци во езерото затоа што оваа убавина треба да се сочува. Ако некој погреши, еве тука сме и се надеваме дека тоа ќе го правиме постојано, затоа што нешто ново што е оваа година, што го доделува ГУАВА организација, се доделува бело знаме за чиста еколошка зона во која сме поминале, а тоа значи една сериозна обврска за градот.“-вели Периклија Бешка, претседател на Сојузот за подводни активности на Македонија.

На акцијата се приклучија и нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“.

 „Многу ми е драго што еве се собравме сите нуркачи од Македонија да ја подржиме оваа светска, глобална акција за будење на свеста кај граѓаните за чистење на водите, заштита на водите, затоа што тоа е иднината, на нашите генерации да им оставиме чиста средина.“-рече претседателот на спелеонуркачкиот клуб „ВРЕЛО“, Киро Ангелевски.

cistenje ezero otpadАкцијата ја поздрави и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

„Ме радува што оваа акција се одржува во предвечерјето на големата акција, националната Let`s do it World или Ајде Македонија ја викаме тука, која ќе се реализира следната сабота, на 5ти Октомври. Ја користам можноста да ги повикам сите граѓани, сите невладини организации и институции да учествуваат на таа акција, а нашите нуркачи ќе бидат ангажирани следниот пат на Дојранското езеро.“-изјави заменик-министерот Темелковски.

Инаку, според првичните впечатоци на нуркачкиот тим, од Охридското Езеро, во трите дена на чистење на дното на езерото, биле извадени неколку тони цврст отпад од гума, пластика и други видови на отпад.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top