Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето

Стручен тим од Заводот за кардиоваскурални заболувања „Свети Стефан“ мереа крвен притисок, правеа ЕКГ слика, делеа совети за здрав живот.

 |  Мишел Наумоски  | 
pregledi
прегледи

Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето  беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце.

kardioloski pregledi„Јас секој месец одам на прегледи, јас сум дијабетичар и секој месец одам на контрола кај матичниот и лекарства препишуваме и ете од финансиски средства не бев во можност да дојдам да се прегледам.“

„Би требало почесто да има вакви акции, меѓутоа и ова е доволно, за некој што не може да дојде до Кардиологија, им се пружи можност тука поблиску, да може секој да се прегледа, да се консултира со докторите.“

„Превентивната заштита е добра особина за секој човек. Оваа акција е за поздравување, да се исконтролира здравјето на луѓето, и ја поздравувам. Се надевам ќе има одзив затоа што како што доаѓа времево, се повеќе има луѓе со срцеви заболувања.“

ekg na plostad„И за срце, и за тироидна жлезда, сите такви прегледи ги правам редовно, а за исхрана не е баш како што треба.“

„За сите болести, не само за срце. Овде има екипа навистина што е за поздравување од сите погледи, да те поучи, да ти укаже, да ни каже како да се однесуваме за заштита на срцето и општо на здравјето.“-рекоа дел од граѓаните.

Д-р Марија Зимбова од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, вели дека сите изминати години во кои биле организирани овие бесплатни прегледи и предавања, навистина вродиле со плод.

„И претходно спроведените акции за превентивни прегледи, кои Заводот за кардиоваскуларни заболувања редовно ги одржува, како и едукативните предавања, придонесоа да во последните години луѓето повеќе обрнуваат внимание на превенцијата, така да бројот на оние кои доаѓаат во Заводот за кардиоваскуларни заболувања за превентивни прегледи во последните години е зголемен и мислам дека го менуваат и начинот на живот. Здрав стил на живот, со здрава исхрана и физичка активност.“-рече д-р Марија Зимбова.

svetski den na srcetoВо одбележувањето на „Светскиот ден на срцето“, годинава активно учество зеде и локалната самоуправа.

„Она што мене ме радува е што го направивме овој симболичен крос. Истрчавме неколку стотини метри покрај брегот на езерото. Тоа е нешто што треба на сите да им укаже за можноста да се однесуваат на начин со кој ќе си го подобрат здравјето, со кој ќе ги превенираат кардиоваскуларните заболувања, а физичката активност е секако еден од водечките стилови на живот кој води кон поздраво срце.“-вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

На здрав живот и физичка активност упати и нашата позната алпинистка, Илина Арсова.

„Треба да биде еден апел односно се надевам дека ќже влијае и ќе поттикне кај јавноста прифажање на добрите навики и ориентирање кон подобар квалитет на живот.“-изјави Арсова.

И годинава во одбележувањето на Светскиот ден на срцето посебен акцент им се става на жената и особено на децата кај кои со раното вградување на принципите за здрав живот, уште од најмала возраст им се развива навиката за физичка активност и консумирање здрава храна.
Инаку Светскиот ден на срцето годинава се одржува по 13ти пат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top