Свеста на охриѓани за своето здравје се повеќе расте. Тие полека но сигурно се откажуваат од лошите навики. Против кардиоваскуларните заболувања кои се убиец број еден во светот се борат со здрав начин на живот. Во недела со голем хепенинг ќе се одбележи светскиот ден на срцето
Охриѓани се повеќе ги менуваат своите животни навики. Тие од ден на ден изнаоѓаат нови начини како да се справат со динамичниот начин на живот и стресот кои придонесуваат за голем број заболувања. Кардиоваскуларните сеуште се број еден во светот по процентот на смртност, вели кардиологот Марија Зимбова.
Свеста кај охриѓани се повеќе расте. Ме радува што нашите заложби превентивно да делуваме веќе ги даваат првите резултатаи. Тие се повеќе се откажуваат од лошите навики како пушењето, нездравиот начин на исхрана и слабата физичка активност, рече кардиологот Д-р Марија Зимбова.
Статистичките податоци со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија се повеќе се намалува старосната граница на луѓето кои заболуваат од кардиоваскуларни заболувања. Од таму апелираат што повеќе да се работи на превенцијата и додаваат дека оптимистички делуваат резултатите добиени при последните испитувања за бројот на заболени во Македонија од срцевосадови заболувања.
Иако кардиоваскуларните заболувања се број еден убиец во светот за среќе кај нас во последните години има тренд на опаѓање. Сеуште сме далеку од европските земји каде бројката драстично се намалува но и ова е добро, изјави Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.
Општина Охрид е една од четирите општини во државава покрај, Штип, Тетово и Куманово каде со голем хепенинг ќе се одбележи 29ти септември- Светскиот ден на срцето. Граѓаните од 9 до 12 часот на градскиот плоштад ќе можат бесплатно да го измерат својот крвен притисок, шеќер во крвта да направат ЕКГ и да добијат корисни совети околу превенцијата од кардиоваскуларните заболувања
Општина Охрид со големо задоволство се приклучи во одбележувањето на светскиот ден на срцето . Оваа година манифестацијата има помасовен карактер, а до година ќе биде и уште поорганизирано, кажа претседателот на совет Гордана Коњановска.
Превенцијата и едукацијата на населението особено на младите е најдоброто средство за борба против кардиоваскуларните заболувања, вели Илина Арсова првата жена македонка која го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверес. Таа особено на младите им советува барем рекреативно да се занимаваат со спорт.
Охрид има идеални услови за спортски активности. Тука иматае одлична клима, езеро и планина. Ништо не е подобро од чистиот воздух и езерската вода за да го одржувате своето здравје и кондиција. Спортувајте ако сакате да имате здраво срце, порача алпинистката Илина Арсова.
Во недела на градскоит плоштад во склоп на денот на срцето ќе се одржи крос кој ќе биде повеќе симболичен отколку натпреварувачки со што уште еднаш ќе се потенцира важноста на физичката активност против кардиоваскуларните но и останатите заболувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град