Градот на пливањето ќе добие затворен базен

Охрид дефинитивно ќе добие затворен олимписки базен. Во склоп на спортско рекреативниот центар Атина Бојаџи, со кој стопанисува ЈП Билјанини извори, наредната градежна сезона, поточно од март месец ќе биде удрен камен темелник на долго очекуваниот затворен пливачки базен, според најавите на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

 |  Николоска Биљана  | 
biljanini
билјанини

plivanjeВо градот на пливањето конечно ќе се гради затворен базен. Тоа  е една од главните заложби на градските власти во Охрид, како што најавуваат од таму. Затворениот базен ќе биде само еден дел од изградбата на современ спортско – рекреативен центар, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

„Денес имавме состанок со луѓето кои го изработуваат овој проект и тој ќе биде доставен на почетокот на идната недела до Агенцијата на млади и спорт која е нарачател на самиот проект и согласно законската процедура Агенцијата во текот на наредната недела ќе треба до општина Охрид да го достави проектот и да побара одобрение за градба. Веднаш ќе го издадеме одобрението за градба на затворениот базен.“

sportska sala planКако што добро и е познато на охридската јавност и пошироко, изградбата на затворен базен долго време се ветуваше но досега не доживеа реализација. Спасески вели дека откако ја презеле власта за реалативно краток временски период успеале да ги надминат речеиси сите проблеми кои што се јавиле околу неговата изградба.

„Потешкиот дел  во однос на добивање на одобрението за градба го сработи општина Охрид, така што верувам дека тие во соодветна динамика ќе го објават тендерот но јас лично очекувам тоа да биде почетокот на следната градежна сезона некаде околу март, април месец според нашите очекувања“.

Градоначалникот Никола Бакрачески во неколку наврати има кажано дека затворениот базен ќе биде изграден според сите меѓународни стандарди со димензии од 33 на 25 метри кој ќе ги задоволи сите олимписки норми. Додека пак носителот и нарачателот на проектот Агенцијата за млади и спорт даде зелено светло за изградба на базенот со цел да се поттикне развојот на пливањето како традиционален спорт во Охрид. Краен рок за изградба е до 2014 год.

{loadposotion content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top