Современиот пазар за кој граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад , конечно ќе се гради со преземањето на локалната власт од страна на ВМРО ДПМНЕ. За три месеци треба да бидат удрени темелите на новиот градски пазар
Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Современиот пазар за кој граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа пазарот ќе се гради со јавно приватно партнерство бидејќи локалната нема доволно пари за целиот финансиски товар да падне на неа.
Изјавите на претходниот градоначалник и на некои советници дека се е подготвено за изградба на новиот пазар се чиста невистина. Околу постапката за изградбата на пазарот почнавме буквално од нула, вели Михаилов
Михаилов објаснува дека градскиот пазар ќе биде изграден на постоечката парцела и дека ќе биде сместен на четири ката. Оваа капитална инвестиција мора конечно да биде реализирана. Луѓето кои го заработуваат својот леб на пазарот летно време стојат на температура од 40 степени, а зимно време на температура од минус 15, додава Михаилов.
Тоа ќе биде пазар кој ќе ги задоволува сите хигиенско-епидемиолошки услови. Тука покрај зеленчук ќе се продаваат и млечни и месни производи но во соодветни услови за тоа, изјави Михаилов
Останува да видиме дали за три меасеци ќе бидат удрени темелите на современиот градски пазар или и ова ќе биде само ветување. Нова година и не е така далеку.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град