Во Охрид отворено брачно советувалиште

Првото од 11 те советувалишта за брак и семејство отворено во Охрид. 

 |  Маленкова Татјана  | 
centar za socijalni raboti
цантар за социјлни работи

Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски.

„Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на Dime Spasov, ministerразводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира. Спроведени се обуки од Заводот за социјални дејности и вработените кои што ќе работат во Советувалиштето за брак и семејство. Во него се вклучени најискусните стручни лица“, истакна министерот за труд и социјални работи, Диме Спасов.

Министерот додаде дека верува дека овие советувалишта ќе придонесат за демографскиот развој на нашата држава и во насока на зголемување на наталитетот. Во новото регионално советувалиште ќе работи тим составен од психолози, социјални работници и други стручни лица од Центарот за социјални работи кои претходно поминале соодветна обука. Потребата за отварање на ваков центар кој ќе нуди бесплатна помош, како што нагласи министерот Спасов, произлегла поради тоа што во текот на изминатиот период во нашата држава се отвориле повеќе приватни советувалишта кои наплаќаат за своите услуги, а од друга страна, додаде тој, постојат граѓани кои немаат доволно средства.
Директорот на центарот за социјални работи смета дека овие советувалишта ќе помогнат да се намали бројот на разводи во Охрид.

„Бројката на разводи во Охрид годишно се движи околу 40. Таа бројка е коктинуирана и истата е подолго време. Стручниве лица постојано работат на такви проблематики и се убедуваат со совети да ги надминат тие проблеми. Профилите кои ќе бидат ангажирани во советувалиштето се педагок, социјален работник, психолози и правник“, истакна директорот на центарот за социјални работи, Екрем Каљоши.

Каљоши открива дека и досега во центарот се работела постапка која се водела пред судски развод, и тоа во случаи кога брачните партнери  имаат деца. Сега ова ќе е уште една форма за надминување и идентификација на конфликтните состојби во семејството со цел да им се даде совет за надминување на таа ситуација, истакна Каљоши.
Охридското советувалиште за брак и семејство е прво кое се отвори во Македонија. Според најавите на министерството, во државава треба да се отворат уште десет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top