Институциите во борба против дискриминацијата

Претставници од полицијата, локалната самоуправа, институции од здравството, како и училиштата од градов, зедоа учество на оваа работилница со цел и тие да се приклучат кон заложбата на државата за постигнување на еднаквост и недискриминација по било кој основ.

 |  Мишел Наумоски  | 
diskriminacija
дискриминација

Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“.

Спасов потенцираше дека во таа насока е донесена и националната стратегија за еднаквост и недискриминација како и водичот за спроведување на истата.

Yvon i Spasov„Тоа е практична алатка наменета за стручната јавност за идентификување на случаите на дискриминација по различни основи, и делување во случаи на дискриминација како и за засегнатите страни кои што имаат потреба за заштита и од остварување на правото на еднаковст и недискриминација. Водичот се користи како дополнителна алатка во спроведувањето на обуките на над 600 лица, на државни и јавни службеници, на судската администрација, на социјалните партнери и на граѓанските организации за идентификување и делување во случаи на дискриминација. Со проектот е предвидено да се спроведат 31 обука, а досега, вклучувајќи ја и оваа денес, реализирани се десет работилници и обучени се над 250 учесници.“-вели Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

priracnik za anti-diskriminacijaОваа обука се спроведува под будното око на Британскиот совет, а со поддршка на Британската амбасада во Република Македонија. Кристофер Ивон, британскиот амбасадор во земјава кој има искуство со работа во заштита на човековите права, вели дека ова е процес кој мора да се спроведе темелно.

„Барем за мене, потенцирана е важноста на работата која сите вие ја работите во своите институции, и навистина тоа е нешто кое мора да започне на најниското ниво кога станува збор за човековите права и важноста на обезбедувањето на еднакви можности и еднаков третман за сите. Доста бев задоволен кога слушнав дека Академијата за судии и обвинители во Република Македонија веќе има инкорпорирано некои од обуките за анти-дискриминација во сопственото функционирање и мислам дека тоа е за пофалба.“-рече Кристофер Ивон, амбасадор на Велика Британија во Република Македонија.

Инаку активностите кои што се преземаат во рамките на проектот, треба да помогнат во подобрување и унапредување на националните капацитети во спроведување и примена на политиките за спречување и заштита од дискриминација на централно и локално ниво. Воедно, со проектот ќе се унапреди и соработката на релевантните институции и организации во насока на помош и поддршка на различни групи на граѓани во нашата држава. Овој проект започна да се спроведува од Мај 2012 година, а се очекува да биде реализиран до Март наредната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top