Одбележан Денот на пензионерите. По тој повод денес во беше одржана свечена седница на која беа истакнати сите активности, успеси и заложби на охридските пензионери. Охридското здружение важи за најорганизирано и најмасовно во земјава, се пофалија пензионерите.
Охридските пензионери го одбележаа Денот на пензионерите. Воедно пензионерите на ниво на земјава годинава ја одбележуваат 67 годишнината од постоењето. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески на денешната свечена седница ја истакна состојбата и стандардот на нивната популација, во повеќе сфери од општественото живеење.
„Кога направивме еден барометар да видиме вработени и пензионери тука сме многу блиску, не има колку што се вработени на ниво на општинава толку има и пензионери. Ние како здружение имајќи ги во предвид овие состојби сепак на социјален план се ангажираме со тоа што имаме регистрирано клуб на пензионери, преку кој помагаме на оваа популација со снабдување на дрва, месо и сирење“.
На свечената седница присутните пензионери и гости ги поздрави претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. Таа потенцира дека искуството на пензионерите како и нивната смиреност им недотасува на останатите кои се во зрели години, па оттаму Коњаноска смета дека советите од пензионерите се од огромно значење за оние кои сеуште се активни .
„Денес сум присутна овде со големо задоволство заради фактот што ја имам честа во името на Локалната самоуправа и во свое име на Здружението на пензионери да им го честитам денот на пензионерите а воедно да им честитам за големите успеси што ги постигнаа изминатиов перод. Ова е добра прилика да укажеме подготвеност и за натамошна соработка“.
Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца постои од далечната 1950 година. Од тогаш па се до денес тоа прерасна во едно од најорганизираните и најмасовни здруженија со над 9000 старосни и семејни пензионери. Пензионерската организација во државава претставува организирана сила, застапник и заштитник на сите законски права на пензионерите и тоа не само во поглед на редовна исплата на пензиите туку и во користење на право на редовно здравствено осигурување, како и болничко, банско, климатско и др видови на лекување и рекреација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град