• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник

„Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник

Да се биде просветен работник одсекогаш било благородна професија. Ова важи двојно повеќе за дванаесетте учителки кои далечната 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат да предаваат во малото село Папрадник, дебарско.

 |  Мишел Наумоски  | 
ucenik
ученик

Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија.

nastavnicki PapradnikНо ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи, што на филмското платно ги овековечил и големиот режисер Димитри Османли создавајќи го документарниот „Дванаесетте од Папрадник“. Телевизија ТВМ ја имаше таа уникатна можност преку времепловот на Николина Трендафиловска, една од овие храбри дванаесет девојки, да отплови во 64та. Еве како таа изгледала за нив.

pisma Papradnik„Како сега да беше го враќам филмот, беше една голема соба, во неа имавме сите железни кревети, свои куфери, и во средина имавме еден шпорет на дрва. На него готвевме, на креветите си ги составувавме на пример за утре распоредот како што ни беа часовите. Се подготвувавме. Од една страна беше и смешно, ама да ви кажам право и убаво. Кога се сними сето ова и кога заврши, и кога дојде пролетта, пролетта таму е фантастична, многу е убаво. Се стопи снегот, вирчиња, изворчиња течат од сите страни, жуборат. Да ви кажам понекогаш ме фаќаше носталгија, си велам дали можам уште еднаш да појдам, ама не! Потоа заминав на факултет во Скопје и повеќе не се вратив во Папрадник.“-рече Николина Трендафиловска.

За тетка Николина, целото доживување било интересно и возбудливо, но најмногу возбуда се чувствувало кога ќе пристигнел поштарот, носејќи ја поштата.

ucenik PapradnikТаа вели дека до таму доаѓал само еден автобус кого сите го чекале, а и за него морале да слегуваат до патот што водел за Дебар, а потоа морале да ја прескокнуваат реката за да пристигнат на настава. А наставата според неа била едно посебно доживување.

„Интересно беше, имаше една училница, во која навистина имаше полно дечиња, сите столчиња ти се исполнети со дечиња, 30 да не велам ама 30 на број, не како сега што се жалиме немаме доволно деца за да ги наполниме клупите. Наполнето се! Кога ќе влезиш возбудливо е. Им викаш: „Добар ден“, ако си попладне те поздравуваат, ако си наредниот ден, добро утро, добро утро, те поздравуваат. Децата беа прекрасни, учеа, се ги интересираше, тоа не можам да ви го опишам затоа што после долго време мене ми се јавени ученици што сум ги учела, тука дошле да учат гимназија. Замислете како тоа изгледа после 15 или 17 години да те пронајде некој.“-вели Трендафиловска.

Документарниот филм кој за нив го снимил Османли во 1965та година, сите го гледале и сите биле задоволни како тоа било направено. Денес, 48 години подоцна, во Центарот за култура „Григор Прличев“, дел од овие дванаесет учителки имаа можност уште еднаш да го погледнат овој документарен филм и да се потсетат на своето заедничко минато.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top