Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид

Ќе се реконструира или дислоцира Здравствениот дом во Охрид? Ова дилема сеуште постои, а се чека да ја разреши Министерството за здравство. Охриѓани со поделени мислења.

 |  Јаковлева Лионела  | 
malari;na
маларична

Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е  во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом.маларична

Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека локалната нема никакви информации за конкретните планови на ова министерство кое има изготвено програма за реконструкција на здравствените домови низ државава.

-Ние како Локална самоуправа може да дадеме придонес само со сугестии за дислокација или реконструкција на здравствениот дом Охрид, но тоа сепак е во ингеренции на Министерство за здравство. Зависно од програмите на минситерството ние како локална самоуправа ќе помогнеме да се забрза постапката за изнаоѓање нова локација или ќе соработуваме да се изнајде најдобро решение за реконструкција на објектот, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Инаку да потсетиме дека со години наназад се најавува реконструкција на маларичната во Охрид. Се ветуваше дека по изградбата на болницата во Охрид ќе се гради и здравствен дом. Стручњаците велат дека објектот „Маларична“ е толку стар што не е исплатливо да се поправа. Не може ниту да се доградува, затоа што според деталниот урбанистички план на овој дел е планирано да има зграда со седум ката. Современиот Здравствен дом според проектот требаше да се гради во кругот на Општа болница –Охрид на површина од 3000 м квадратни. За изградба на овој проект потребни беа 2,3 милиони евра. Сега има некои нови најави дека Здравствениот дом ќе се смести во просториите на некогашната касарна. Останува да видиме каква судбина ќе и предвиди Министерството за здравство на оваа за охриѓани многу важна здравствена установа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top