Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија.
Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, во врска со сериозните забелешки што ги изнесе раководството на српската ракометна федерација, зборувајќи и во име на ЕХФ.
„Српската федерација нема никакво право да изнесува забелешки во име на ЕХФ и таквиот однос од нивна страна е некоректен. Ние сме во постојан контакт со генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер и од негова страна не се изнесени какви и да е поголеми забелешки“, изјави Бошковски.
Тој нагласи дека од страна на ЕХФ на организациониот одбор му биле посочени некои поситни аспекти од организацијата, кои главно се однесувале на обезбедувањето во салите во кои се играат натпреварите.
„Сите овие поситни забелешки од ЕХФ веќе се отстранети во 90 отсто и има обострано задоволство од текот на организацијата на ЕП“, посочи Бошкоски.
Тој наведе дека „симптоматично е што српската ракометна федерација е единствена која изнеле забелешки околу организацијата на ЕП и сместувањето“.
„Претставници на нивната федерација беа во ноември во Скопје, го посетија хотелот „Континентал“ и точно се запознаа со условите околу сместувањето, така, што сега да се изнесуваат забелешки околу тоа е навистина некоректно“, изјави Бошковски.
Според него, од српската федерација се врши притисок и се подготвува терен за алиби во случај на пораз на мечот со Македонија, што веројатно ќе биде решавачки за пласманот во втората фаза од Европското ракометно првенство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град