Туристичката сезона заврши ама остана расфрланиот смет

Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума на патот кој води кон хотелот Инекс Горица и кон вилата на претседателот. Од ЈП Комуналец велат дека немаат ингеренции да го чистат овај потег, но имаат добра воља.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gubre
ѓубре

Околината на патот кој води кон хотелот со пет ѕвездички, Инекс Горица и кон вилата на претседателот и останатите државни објекти, затрупана со смет. Овој најрепрезентативен дел од Охрид нималку не изгледа репрезентативно со расфрланото ѓубриште покрај патот. Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума. Големиот број рекреативци кои ја користат оваа патека зад нашата камера коментираа дека ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба. ѓубре

До лани овде поминуваше трактор и го собираше сиот смет, меѓутоа оваа година состојбата е сосема поинаква“, додаде  нашиот соговорник.

Од општинскиот инспекторат посочуваат дека запознаени се со овој проблем но тешко е да се реши бидејќи дел од земјиштето е државно, а дел на хотелот Инекс Горица. Сепак ветија дека во најскоро време ќе изнајдат начин да се исчисти овој потег. Добра воља покажаа и од ЈП Комуналец. Од таму велат дека иако не е во нивна надлежност ќе го исчистат брдото со цел подигање на еколошката свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина.
Тие потсетија и на новата акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид -Св.Наум која ја започнаа неодамна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top