Социјални работници во обиколка на руралните средини во Охрид и Дебрца

Тим од социјални работници од Охрид во обиколка на руралните средини. Со тоа и охридскиот Центар за социјални работи се вклучува во Владиниот проект „Отворени денови за социјална заштита“.

 |  Николоска Биљана  | 
ruralna sredina
рурална средина

kaljosiГрижата на државата ќе ја почувствува и населението од руралните средини во Охрид.
Започна проектот „Отворени денови за социјална заштита“. Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од Центарот за социјална работа од Охрид, ќе одат во посета на населените рурални средини на подрачјето на општина Охрид и Дебрца, со цел да ги детектираат, превенираат и да го спречат настанувањето на социјални ризици, како и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права од областа на социјалната заштита. Првиот човек на Центарот за социјална работа Охрид, Екрем Каљоши, информира дека уште вчера нивни стручни тимови  оствариле средба со мештаните од руралните средини Љубаништа и Трпејца. Додаде дека со претходна најава ќе продолжи динамиката и во останатите рурални средини.

„Екипа на ЦСР составена од стручни работници, беа пречекани и ја промовираа социјалната заштита пред тие жители, ги информиравме за правата кои што му следуваат како и начините и формите за нивно остварување. Одзивот на жителите на тие рурални средини беше задоволителен и очекуваме во наредниот период социјалната заштита да биде поприсутна и во тие средини“.

ruralen razvojКаљоши потенцира дека системот за социјална заштита во руралните средини и досега бил застапен, бидејќи евидентни биле корисниците кои живеат во тие средини и ги користат услугите на ЦСР.

„Ние во нарениот период очекуваме појава на една нова категорија досега нетретирана, старите лица. Значи тие по селава ќе ни се проблем и државата во тој поглед треба да изнајде решенија“.

Заради успешно спроведување на информативната средба со жителите од руралните средини, свои одговорности треба да имаат и носителите на проектот односно Центрите за Социјална работа. Изготвувач на проектот во Охрид е директорот Каљоши што значи дека негова обврска е да утврди дополнителен број на опфатени рурални средини доколку ги има, треба да обезбеди просторни и други услови за одржување на средбата, навремено да ги информира жителите, една недела пред одржување на средбата,  како и да обезбеди присуство на стручни лица од центарот и номинирано лице од општина Охрид на информативната средба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top