Продолжениот престој и оваа година ќе функционира

Се изнаоѓаат најразлични начини за згрижување на децата од предучилишна и училишна возраст. Продолжениот престој и оваа година ќе функционира, а се прават напори за воведување попладневна смена за градински престој. Се отвараат градинки и во Велгошти и Лескоец.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gradinka
градинка

Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. приредби

Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на  Јасна Ристеска.

Костеска вели дека земајќи ги во предвид современите услови на живот каде родителите се повеќечасовнио работно ангажирани покренале иницијатива за воведување на втора смена на градински престој. Уште во месец јуни била спроведена анкета со родителите за да се види колкав е нивниот интерес за тоа. Во текот на оваа недела ќе бидат повторно анкетирани.

Деновиве ќе се отвори градинсдки престој за хетерогени групи на возраст од две до шест години и во селото Велгошти. Интерес за ваква група има, вели Костоска па таму ќе бидат згрижени околу триесет дечиња. Со тоа ќе се растеретат групите во градот а ќе им се олесни и на родителите од ова населено место бидејќи ќе им се намалат  трошоци за превоз на нивните деца. Градинаката ќе биде сместена во трпезарискиот дел на училиштето кој деновиве се адаптира по сите стандарди, а од први Окртомври треба да се пушти во употреба. Ваква хетерогена група ќе се отвори и во селото Лескоец .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top