Охрид доби специјализирана продавница за здрава храна

Ланецот БАКО од денеска и во нашиот град.

 |  Маленкова Татјана  | 
Prodavnica BAKO
Продавница Бако

По Прилеп, Струмица и Куманово „Компанијата Бако од денеска и во Охрид.  Оваа специјализирана продавница за здрава храна работи под слоганот „Вкус кој не се заборава“.  Сопственикот на компанијата Омер Фејзуловски со гордост зборува за растот на фирмата, за сопственото  производство и ланецот на продавници кои го имаат низ земјава.

„Очекуваме дека охриѓаните ќе бидат задоволни. Квалитетот ни е број еден. Хранете се здраво, живејте Prodavnica BAKOподолго со производите на Бако и се надеваме дека охридѓаните ќе бидат задоволни. Имаме квалитет и наше фабричко производство имаме 150 производи“, вели сопственик на компанија БАКО, Омер Фејзуловски.

 
Фејзуловски  вели дека добро го знаат вкусот и потребите на охриѓани и токму поради тоа достапни ќе им бидат секој ден од 08 до 24 часот. Тој кажува и што се нудат во новоотворената продавница за здрава храна во Охрид.

„Ќе имаме секогаш топла кикирика, прва продавница во Македонија што има мини машина за печење кикирики комплет од росфрајт со хасап систем и со сите потребни сертификати, сите стандарди да ги задоволи. Се надеваме дека охриѓани ќе бидат задоволни. Има многу асортимани многу производи, од слатки, од здрава храна од грицки и ред други производи“, истакна сопственикот на компанија БАКО.

Prodavnica BAKOБАКО е фамилијарна компанија. Тие нудат пакувана роба која и досега беше достапна во Охрид, но од денеска за прв пат во сопствен продажен простор.  Фејзуловски вели дека од основањето на компанијата, се обврзале дека ќе постигнат резултати согласно светските стандарди во сé што работат. „Нашиот постојан труд за усовршување на извонредноста нé води кон нашата цел – да бидеме пример за надминати очекувања на вредноста и услугата како за нашите партнери така и за вработените. Остарувајќи го ова да се стане и остане препознатлив бизнис субјект којшто не само што ги прави нештата на вистински начин, туку ги прави вистинските нешта“, велат од БАКО.

Инаку Компанијата Бако е формирана во 2000 година. Главна дејност им е производство, преработка, пакување и трговија со зрнести и прашкасти производи, сушено овошје, корнфлекс и друго.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top