Објекот „Развигорче“, пуштен во употреба

Јасли, нови занимални и санитарни јазли денес беа пуштени во употреба во детската градинка „Развигорче“, во Охрид.  Од Локалната самоуправа ветуваат дека до крај на оваа година а посебно наредната 2014,  детската градинка ќе им биде врвен приоритет каде ќе инвестираат.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

 

gradinkaСекретарот на општина Охрид, Димитар Спасески денес ја пушти во употреба детската градинка „Развигорче“. Оваа градинка беше затворена од страна на санитарниот инспекторат и во истата беше забранет престој на деца. Проблемот е надминат
вели Спасески и нагласува дека детската градинка е во фокусот на вниманието на Локалната самоуправа на Охрид на што во престојниов период посветено ќе работат.

„Со денешниот настан започнуваме една интензивна комуникација со детската градинка, во следниов период ни престои отварање на дисперзираните градинки во селата Лескоец и Велгошти, реконструктивните зафати се во завршна фаза, така што апсолутно сме посеветени на детските градинки“.

Спасески во името на Локалната самоуправа потенцира дека подготвени биле да понудат квалитетна услуга во детските градники од сите аспекти и дека во иднина гарантираат безбедност на најмладите и пријатен престој во установата. Тој најави и контроли на персоналот, со цел во  градинката да владее ред и дисциплина. Огромно беше задоволството на директорката Розе Костеска од отварањето на јаслите во објектот „Развигорче“.

 gradinka„За прв пат се отвараат јасли за деца од 6 месеци до 24 месечна возраст која што ја немаше во овој објект и покрај тоа што објектот имаше големи просторни можности и така да доаѓаше до еден голем проблем тие малечки дечиња одеа во Билјана и Лихнида објектите а со тоа и поголемите братчиња и сестричиња мораа да бидат згрижени таму за да му се олесни на родителите. Во овој објект во моментов се згрижени 167 дечиња“.

Од Локалната информираа дека во детската градинка „Јасна Ристеска“ има огромна потреба од вработување на нови лица.  Во таа насока охридскиот градоначалник Никола Бакрачески бил во постојана комуникација со Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со цел да се одобрат новите вработувања и за истите да се обезбедат средства.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top