Покрај поголемите класи, во водите на Охридското Eзеро денес заплови и класата со најголем број едриличари, класата Оптимист.
Денес успешно стартуваше 46та Балканијада во пловидба на отворени води, Охрид 2013.
Едриличари од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Турција и Бугарија денес запловија во водите на Охридското Eзеро во шесте поголеми класи, ласер стандард, ласер радиал, ласер 4.7, фин и рсх како и најбројната класа на едриличари, класата оптимист.
„Се едри на две регатни полиња, поле А и поле Б. На полето А или Алфа кое се наоѓа над градското пристаниште, едрат поголемите класи, класа 470, класа ласер стандард, ласер радиал, класа 4.7 и класата фин. На полето Браво едри најбројната класа, класата оптимист.“-рече претседателот на едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев.
Целокупната манифестација е одобрена од Капетанијата на пристаништата од Охрид, но за безбедноста на едриличарите се грижат поголем број служби.
„Во водите на Охридското езеро покрај регатните бродови, меѓународните судии, кои се грижат за регуларноста на самите трки, тука се и екипи на Црвениот крст, ангажирани на двете регатни полиња и плус уште еден гумењак кој што реагира ако има потреба да реагира напомош. Исто така тука се и припадниците на граничната езерска полиција кои ги обезбедуваат двете регатни полиња исто и Капетанија на пристаништата е присутна на двете полиња.“-вели Ставрев.
Инаку во текот на утрешниот ден е планирано да бидат извозени три трки. Првиот старт се очекува да биде во 10 часот, но само доколку ветрот оди во полза на едриличарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град