Надоместот за патни трошоци на охридскиот наставен кадар ќе боде обезбеден од 1ви октомври годинава. Најавата доаѓа од Аце Речкоски, првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура за подрачјето на општина Охрид.
Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски.
„Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар кој што ќе патува ќе биде комплетно покриен од страна на локалната самоуправа. Останува да се среди техничкиот дел од преговорите така што мислам дека од 1 ви октомври наставниот кадар ќе може да го користи тој благодет“.
Од Локалната самоуправа велат дека законски не се обвразни да го покријат надоместот за патните трошоци кај наставниот кадар, но дека сепак кај нив постои добра волја за поддршка на програмата за бесплатно патување. Тоа го потврдува и првиот човек на СОНК.
„Оваа програма за бесплатно патување на наставниот кадар секако дека е во поглед на добра волја од страна на Локалната, значи ако има можност и ако има волја локалната власт можи тоа да го реализира како што е реализирано во неколку општини во земјава.
Надоместот за патни трошоци минатата година за месец дена влупно изнесувал 300 000 денари. Исплатата на оваа сума кон крајот на мината учебна година времено беше замрзната, а една од причините за тоа како што уште тогаш појасни секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески беа резултатите од направените анализи кои покажале дека станува збор за нереални финансиски средства кои не биле предвидени во буџетот на општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град