Села и Тимотеј по средбата, без решение за проблемот со изградба на црквата во Октиси.
После триесетминутен разговор зад затворени врати митрополитот на Деберско Кичевската Епархија, г. Тимотеј и градоначалникот на Струга Зијадин Села не донесоа никаков заклучок во однос на изградбата на црквата во селото Октиси. По средбата струшкиот градоначалник рече дека се работи за меѓуверски конфликт, а тој само помага во неговото решавање. Според Села во моментов најдоброто решение е времена мерка за одложување на изградбата на параклисот, за што тој поднел барање до судот.
„Нашата цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно без никакви проблеми. Не ни требаат верски проблеми меѓу граѓаните во Македонија. Изградбата на црквата во Октиси е верски проблем и јас само ќе го дадам мојот придонес за заеднички да се договорат. Неможам да невлегувам во овие работи“, истакна градоначалникот на Струга Зијадин Села.
Тој додаде дека во моментов најдоброто решение е времена мерка судска забрана за изградба на црквата. На правослвните ќе им се продолжи рокот за градба на црквата што го имаат до 30 септември. Целта на времената мерка е страстите да се смират, заради безбедносни прочини тоа е најдоброто решение“, рече Села.
Владиката Тимотеј по средбата не сакаше да даде изјава за медиумите, со што граѓаните останаа неинформирани за ставот на Македонската православна црква, во врска со овој проблем. Владиката само рече дека преговорите ќе продолжат. На денешната средба не присуствуваа претставници од месното население од село Октиси од православна и муслиманска вероисповест, ниту претставници од Исламската Верска Заедница.
Инцидентот во Октиси се случи во неделата на 27 ми август, кога православните жители на село Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповест да извршат осветување на новата црква “Свети Димитрија”, за чија изградба иницијативниот одбор ги има сите потребни дозволи. Собирањето на локалните жители муслимани започнало на повик на оџата за мирен протест. Според кажувањата на еден жител на Струга, жителите од муслиманска вероисповест стоеле со арапски знамиња и не дозволувале да се постават темелите на црквата. Со цел спречување на поголем иницидент во Октиси имаше присуство и на поголема група на полициски специјалци. Ситуацијата во Октиси тој ден се смири кога во селото се сретнаа владиката Тимотеј, градоначалникот Зијадин Села и локалниот оџа. Разговорите продолжуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град