Годинава брисеви од грло и нос се земаат и во централната градинка

Брисеви од грло и нос на дечињата од предшколска воздраст годинава, покрај во центраот за јавно здравје се земаат и во централната детска градинка.

 |  Маленкова Татјана  | 
brisevi
брисеви

Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата zemanje bris od grlo i nosземањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно.

Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат од детската градинка.  

„Заради сето тоа потребно е родителите да донесат упут од матичен лекар електронска картичка или сини картони и 80 денари. Брисот се земаше и минатата недела во сите објекти на градинката, а од денес до петок ќе се зема само во централната градинка  од 10 до 12 часот, затоа апелираме до родителите кои се заинтересирани во овие денови да дојдат во централната грдаинка“, вели медицинска сестра од градинката, Соња Кузманоска.

И од центарот за јавно здравје  се сложуваат дека на овој начин се намалуваат гужвите и нервозите во заводот, кои секогаш се создаваат при упис на дечињата во градинките.

zemanje bris od grlo i nos„Резултатите од анализите ќе бидат дистрибуирани овде и сите резултати и наоди кои се без бактерија без наод, а сите кои имаат наод резултатите ќе можат да ги подигнат во центраот за јавно здравје. И во центарот се примаат, но да ја растеретиме малку гужвата и да не се создаваат редови во центрот за јавно здравје, а да им излезиме во пресрет на родителите тоа ќе го правиме и овде оваа недела“, вели Сашо Точко,центар за јавно здравје.

Ова е прва година како мобилна екипа на центрот за јавно здравје врши контрола на здравјето на децата кои се запишуваат во градинка, но доколку се покаже како добар овој потег истиот ќе се применува и во иднина. Тимот за заводот ќе си ја врши својата работа секој ден оваа надела освен во среда затоа што тоа е неработен ден.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top