• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Охридските тротоари, наместо слободни за движење на пешаците, окупирани со паркирани автомобили.

 |  Мишел Наумоски  | 
trotoari
тротоари

Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи.

koli na trotoar„Пречат, секако дека пречат, но нема место, знаеме дека Охрид оскудува со паркинзи, нема друго решение, освен да се рашири градот.“

„Ни пречат ама што да прават и тие, немаат паркинзи.“

„Како пешак, да, дефинитивно. Не е вистинско место ама очигледно имаме проблем со паркинзите, и јас како возач го имам тој проблем. Така да некој компромис и снаоѓање, повеќе се работи за снаоѓање.“

„Богами пречат, не можеме да поминуваме.“

„Ние сме Балкан уште, знаете како е кај нас ама можеби и услови немаат луѓето каде да ги паркираат, кај и да одиме ние, секаде пари бараме. Пешаците нека се снаоѓаат и нека се пазат.“

trotoari so avtomobili„Ни пречат богами, затоа што не можат луѓето да поминат со колички, стари луѓе. Треба да има паркинг плац, да се паркираат затоа што има стари луѓе, не можат по улицата, ќе ги турнат автомобилите, потоа ги обвинуваме шоферите, ги напаѓаме, треба тротоарот да е празен.“-рекоа тие.

Со мислењето на граѓаните дека на Охрид му се потребни повеќе паркинзи се сложуваат и од локалната самоуправа. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, рече дека во завршна фаза се постапките за изградба на катните гаражи кои е предвидено да се градат на просторот од паркингот на градскиот пазар и во месноста Кошишта.

avtomobili na trotoar„Се очекува да се отпочне со реализација на овие два проекти. Исто е предвидено, но не е тоа во напредна фаза како овие два претходно споменати проекти, а тоа е изградба на катна гаража на просторот каде што се наоѓа СРЦ „Билјанини извори“. Ние веруваме дека со реализацијата на овие зафати, Охрид во многу ќе добие пред се во паркирањето во летниот период, и секако за нормално и пофункционално одвивање на целокупниот сообраќај во градот.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

Но паркирањето на тротоар е казниво дело бидејќи ја загрозува безбедноста во сообраќајот и не може несовесното однесување на поединци да биде амнестирано со оправдување дека нема паркинзи.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски вели дека и покрај нивната желба со превентивни мерки да се справат со возачите кои непрописно паркирале, сепак биле приморани да преземат и репресивни мерки. Па во таа насока,  изминатиов месец тие изрекле дваесетина парични казни за несовесни возачи кои своите возила ги паркирале токму на тротоарите, коловозите, пешачките патеки и премини. Димоски информираше дека во зависност од местото каде биле непрописно паркирани возилата, паричните казни се движеле од 45 до 250 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top