Комплетирано првото коло на Европското ракометно првенство

Со одигрување на натпреварите од првото коло во групите А и Б, по вчерашниот ден комплетирано е првото коло на ЕП во ракомет за жени кое се одржува во Скопје и Охрид.

 

 |  Крсте Голабовски  | 
Spanija, Norveska
Шпанија, Норвешка

Со одигрување на натпреварите од првото коло во групите А и Б, по вчерашниот ден комплетирано е првото коло на ЕП во ракомет за жени кое се одржува во Скопје и Охрид.

Во Скопје, во рамките од А-групата, Данска минимално ја победи Франција со 24 : 23, а Романија беше убедлива против Унгарија и победи со 27 : 21.
На табелата водат Романија и Унгарија со по два бода, а Франција и Унгарија немаат освоено бодови.

SpanijaВо Охридската група Б, Украина беше супериорна против Португалија и победи со 38 : 34, додека Шпанија освои еден бод играјќи нерешено 21 : 21 против актуелниот европски првак Норвешка.
Во оваа група води Украина со два бода, пред Шпанија и Норвешка со по еден и Португалија без освоен бод.

 

За одбележување е, дека и покрај тоа што локалната самоуправа од Охрид издејствува да се намалат цените на картите, охридската публика дојде во многу мал број. Во салата како и првиот ден повеќе имаше  акредитирани лица отколку публика.

На денешната програма предвидени се натпреварите Србија – Германија во 18 часот и 15 минути и Македонија – Хрватска во 20 часот и 15 минути од Д-групата во Скопје.
Од Ц-групата во Охрид, денеска ќе играат Австрија – Шведска во 18 часот и 15 минути и Белорусија – Русија со почеток од 20 часот и 15 минути.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top