Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид

На школата за млади лидери предавања држат светски реномирани и истакнати лидери од најразлични области.

 |  Мишел Наумоски  | 
lideri
лидери

Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии.

Ivanov lideri„Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите познанства со различни млади луѓе, идни лидери кои доаѓаат од различни позадини.“

„Моите очекувања од овогодинешната школа за млади лидери е дека навистина ќе се стекнеме со големо знаење, со одлично искуство, ќе имаме можност да видиме многу нешта кои не сме ги виделе досега.“

„Бев учесник на втората генерација на школата за млади лидери. За мене можам да кажа дека школата за млади лидери беше неверојатно искуство пред се, затоа што имав можност да ги слушнам искуствата на врвни предавачи кои се светски познати и познати лидери во својата сфера на делување.“

mladi lideri„Тоа беше одлично искуство за мене затоа што од една страна ги афирмира нашите вредности кои што досега ги имаме постигнато, а од друга страна пак ни овозможува надоградување кое во иднина би го имплементирале“. -рекоа дел од новите и минатите студенти.

Четвртата школа за млади лидери ја отвори  претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Тој истакна дека од нивните студенти очекуваат секогаш да бидат неколку чекори пред другите и секогаш да гледаат само кон иднината.

„Во текот на школата ќе имате и соочување со реални проблеми на кои мора да најдете решенија. Ќе бидете тренирани да работите во тимови, и во тимот кој ќе се соочи со криза да видите кој е лидер, кој знае да предводи, и кој знае да носи решенија. Ќе бидете едуцирани сето ова искуство од нашите почитувани гости и пријатели да го надоградувате, ќе бидете соочени со нешто што во вашите книги го нема, затоа што многу книги од кои сте студирале, веќе застареле. Искуствата што ги имаме од нашите гости, одлуките што ги носеле во минатото, што им овозможиле денес да бидат со нас, се инспирација и за вас.“-рече претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов.

skola za lideriИдејата за постоењето на ваква школа за лидери ја поздрави и поранешниот претседател на Република Чешка, д-р Вацлав Клаус.

„Мислам дека младите луѓе мораат да имаат шанса да се среќаваат, да разговараат меѓусебно и мора да имаат шанса да слушаат и други и постари луѓе кои веќе имаат одредено искуство во различни сфери од нивната професионална кариера. На овој начин јас ја разбирам целта на ваквиот собир.“-изјави поранешниот претседател на Република Чешка, Вацлав Клаус.

Свој говор на отворањето на школата имаше и претседателот на Светската академија на науки и уметности, Иво Шлаус кој рече дека човечкиот капитал е најважниот капитал на светот.

„Оваа школа е целосна иновација, бидејќи како што сите знаеме, да се предава физика или хемија или нешто од медицината е нешто во кое имаме искуство илјадници години. Прашањето за лидерите е всушност на многу начини интригантно.“-вели Иво Шлаус, претседател на Светската академија на науки и уметности.

Инаку, на 4та школа за млади лидери гостуваат вкупно 30 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции, кои ќе ги пренесат своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на обуката. Меѓу предавачите се и истакнати поединци и успешни лидери во компании и образовни институции од Македонија, Шпанија, Нов Зеланд, Хрватска, Босна и Херцеговина, Израел, Канада.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top