Се урна половина куќа во срцето на Охрид.
Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет. Настанот се случил вчера попладне околу 16 часот. Станува збор за руиниран објект, но и живеалиште за 42 годишниот Александар Сандев, кој е невработен, не прима социјална помош, нема родители и не е оженет.
„ Тоа беше така еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, за среќа на тој дел јас не бев бев во долниот дел од куќата. Појќе другиве луѓе се растрчаа да го видат проблемот. Тоа потешко ќе оди и зависи. Ќе видиме институциите што ќе направат и во кој дел ќе оди сето тоа. Денеска дојдоа и од општина дојдоа луѓе што сликаа се што е разрушено , вие сте вторите што дојдовте“, истакна Александар Сандев.
Секретарот на општина Охрид запознаен со проблемот. Вели дека утрово стручните служби во општина Охрид го известиле за немилиот настан. Тој додаде дека уште денеска ќе се напрви детален извештај, по што ќе се превземат соодветни мерки.
„Во делот на расчиствување на куќата тоа е обврска на општината и во текот на денот ќе имаме детални информации што се случило и што ќе превземеме“, истакна Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.
Попладнево Сандев го посети и тим од центарот за социјални работи.Тие му понидија совети и помош за тао како да ги оствари своите права на социјална помош . Инаку на Сандев ова не му е едеинствениот проблем. Тој цели 18 години живее без електрична енергија. Живеам многу тешко вели тој, едвај врзувам крај со крај, но во моментов најмногу ми треба сигурен дом.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град