На државните универзитети денеска и утре е пријавувањето за запишување во прва година во академската 2013/2014 година.
Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови, на која насока сакаат да го продолжат своето образование.
Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска, претседател на уписната комисија, вели дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор во Охрид“, каде има места за 30 студенти, од кои 20 во редовна квота со финансирање и 10 вонредни студенти. ФТУ и годинава ќе запишува студенти и на дисперзираните стуии во Гевгелија, Крушево, Битола и на стандардната дисперзирана студиска програма во Велес. За овие студии треба да се оформи група со цел да може истите да се активираат.
„Интересот е голем. Оваа година имаме уште една новост годинава за прв пат студентите се запишуваат и online. Имаат опшција уште од дома пред да ги поднесат документите да се пријават, но и тука постои иста опција сите сме ангажирани да им излеземе во пресрет во тоа online регистрирање и се надевам дека сето тоа ќе биде една успешна активност кои се трудиме да им овозможиме на новите академски граѓани да се чувтвуваат тука како дома и да можат понатака успешно да га градат својата акдемска кариера“, истакна проф. Д-р – Ирина Петровска, претседател на уписна комисија.
Во однос на бројноста на студентите и насоките годинава ФТУ годинава ги нуди следните насоки: на туризам можат да се запишат 50 студенти во редовна квота 30, а со кофинасирање 20. На насоката осигурување има места за 20 студенти во редовна квота, 10 со кофинасирање, а вонредни нема. На царина и шпедиција се запишуваат само 20 студнети, 10 во редовна квота и 5 во кофинасирање, вонредни и на оваа насока нема. Насока на менаџмент на услужен сектор ќе можат да се запишат 30 студенти во редовна квота, 20 со кофинсирање и 10 вонредни. ФТУ нуди и тригодишни универзитетски студии, а тоа се гастрономија, исхрана и диететика каде ќе можат да се запишат 20 студенти во редовна квота и 10 во кофинсисрање, и хотелскоресторански менаџмент, каде исто така ќе можат да се запишат 20 студенти во редовна квота, 10 со кофинсирање, а вонредни нема.
Прелиминарната ранг листа ќе се објави на 21 август во среда, а конечната листа на запишани студенти во првиот уписен рок ќе се објави на 26 август во понеделник.
И од универзитетот за информатички технологии Св Апостол Павле, се фалат со голема заинтересираност за студирање на петте факултети кои ги нуди овој универзитет. Идните студентите откриваат зошто го одбрале толкму овој универзитет.
Елена Наумова, од студентски прашања на овај универзитет, вели дека уште во првиот ден од првиот уписен рок 30 % од квотите се пополнети и тоа посебно во редовните квоти на факултетите во склоп на универзитет.
„На сите факултети до 12 часот запишани се 60 студенти. Се примаат 400 на сите пет факултети. Утре продолжува првиот уписен рок, потоа веќе во септември вториот и третиот уписен рок за кои ќе има повторно нови прелиминарни конкурси и ќе бидат објавени на дневните весници. Најчесто првиот уписен рок, првиот и вториот ден е главната бројка на запишани студенти , што незначи дека нема да има и во вториот и во третиот уписен рок, меѓутоа главната бројка на запишани студенти се во првиот уписен рок, првиот и вториот ден“, истакна Елена Наумова од студентски прашања.
Наумова додава дека на петте факултети кои се во склоп на универзитетот има 10 студиски програми. Таа додава дека годинава се промовираат и двете нови студиски програми, програмата за дигитална бизнис информатика која е 4 годишна и програмата за ее бизнис, е култура, е влада, која е најнова тригодишна студиска програма со која сакаат да ја унапредат и подобрат ефикасноста на владата односно владините институции.
Инаку на петте државни униврзитети во земјава оваа година има вкупно 25.624 слободни места за идните студенти кои ќе се запишат во прва студиска година. Согласно одлуката на Владата, редовните студенти кои ќе влезат во државна квота ќе плаќаат 200 евра годишно. Редовните студенти кои ќе се запишат во квотата со кофинансирање, како и вонредните студенти ќе плаќаат по 400 евра, освен ако од самите факултети не е назначено да плаќаат помалку. Студентите пак, кои ќе се запишат на дисперзирани студии на сите јавни високообразовни установи, ќе плаќаат 100 евра годишно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град