Уште една успешна акција на СВР Охрид. Пресечен шверцерски канал со дрога.
Уште една успешна акција на СВР Охрид. Пресечен шверцерски канал со дрога.
Пресечен шверцерски канал со дрога. Во акцијата која ја спроведоа инспекторите за борба против дрога од СВР Охрид запленети се 10 кг чиста и висококвалитетна дрога марихуана, три автоматски пушки калибар 7,62мм, еден револвер магнум калибар 22мм и околу 600 куршуми муниција со различен калибар .
Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид информира дека дрогата и оружјето се пронајдени кај лицето А.А. од село Заграчани кое е приведено и со две кривични пријави е предадено на основното јавно обвинителство во Струга.
Димоски вели дека акциите на полицијата се резултат на претходно добиени оперативни сознанија. Моментално се работи на доразјаснување на случајот. По се изгледа целосно е пресечен меѓународниот шверцерски канал кој се одвиваше преку граничниот премин Ќафасан.
Инаку ова е втора успешна акција на охридската и струшката полиција. На 27 ноември на патот Ќафасан-Охрид кај с.Милсешево во автомобил беа пронајдени 4 килограми марихуана наменета за нарко пазарот во Скопје. Деновиве е лишено од слобода и лицето кое успеа да побегна во оваа акција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град