Утре во Струга започнува ракометниот турнир

Од утре Струга ќе пулсира во ракометен дух. Теренот е веќе подготвен и ракометарите учесници на 41 то издание, годинава силите ќе ги одмерат на новото тло, изработено согласно европските страндарди, како што информираат од организациониот одбор.

 |  Николоска Биљана  | 
rakomet
ракомет

 

rakometСтруга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.  Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска.

„На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано игралиште со потребните подлоги утврдени според европските стандарди“.

Сашо Србиноски од организациниот одбор информира дека атмосферата во Струга пред почетокот на турнирот е веќе вжештена,  и според досегашниот интерес за резервација на  влезници од страна на љубителите на спортот, очекувале голема посетеност.

rakomet„Ние имаме цел и интенција квалитетот на турнирот од година во година се повеќе и повеќе да го подигнеме на повисоко ниво

Од 14 до17 август во Струга се очекува врвен ракомет и заради тоа ние максимално се ангажиравме да ги обезбедиме сите потребни услови за тоа, изјави Ѓоко Илоски.

„Претходеше една детална анализа на самото игралиште при што пристапивме на негова темелна реконструкција која се изврши после 40 години“.

Главен покровител на турнирот е Агенцијата за спорт и млади а Локалната самоуправа на општина Струга годинава ќе партиципира со финансиски средства. Инаку натпреварите на меѓународниот ракометен турнир ќе се играат во вечерните часови. Според утврдениот календар првата утакмица ќе почне утре во 18 часот и 30 минути со дуелот меѓу минатогодишниот победник Металург и домаќинот Струга. По свеченото отварање најавено во 19 часот и 45 минути следува натпреварот меѓу Вардар и Констанца, а од 22 часот силите ќе ги одмерат Брест Мешков и Версај.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top