Завршна свеченост на матурантите, на Антички

На Антички театар, синоќа  силни и мотивирачки пораки допреа до охридските матуранти од  гимназијата „Св Климент Охридски“ . Тие и официјално ја заокружија учебната 2012 – 2013 година со пригодна свеченост.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazijalci
гимназијалци

Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“   со завршна свеченост. Синоќа на преполнетиот Антички театар, 375 матуранти ја заокружија учебната 2012-2013 година. Дипломците со помешни емоции кажаа: „Нашето училиште од секогаш било пример за ред, дисциплина, учење и почит кон професорите.

gimnazijalci„Значи помешани чуства можам да кажам пред се прво овие прекрасни четири години поминаа брзо, секој од нас би сакал вечно да траат, жално, но од друга страна исправени сме пред нов предизвик. Со малку трема сите го чекавме овој момент и ево го дочекавме. Чуството беше прекрасно од овие четири години имам навистина добри спомени кои ќе ги спомнувам цел живот“.

Гордана Коњановска, претседател на општинскиот совет се обрати на матурантите од свое лично име, во име на градоначалникот Никола Бакрачески и Локалната самоуправа. Таа истакна дека свечената завршница не треба да биде крајната цел во оформувањето на образованието на матурантите, туку напротив, матурантите, идните академски граѓани да бидат главниот носечки столб на нашето општество и утре да бидат едни од најуспешните.

„Спомените кои ќе ги носите од средношколските денови секогаш ќе останат со вас тие се едни од најубавите. Но пред вас се студенските денови, професионалните активности, формирање на семејството и сите предизвици и радости кои го сочинуваат животниот пат“.

gimnazijalciПоздравен говор имаше и директорот на гимназијата Никола Тренески, кој истакна дека оваа учебна година гимназијата Св. „Климент Охридски“, може да се пофали со солиден успех од државната матура, што пак е само уште една потврда за високото реноме на училиштето.

„Матуранти следбеници на Климента Матуранти, кога пред 4 години дојдовте во нашето училиште, дојдовте да се стекнете со нови знања, кое не е цел, туку оружје во борбата со неукоста, ограниченоста, лагата, површноста. Во овие 4 години за кои не мислевте дека толку брзо ќе поминат, вие растевте созревавте, стекнувавте нови искуства, всушност вие го откривавте животот а тој, не беше секогаш лесен. Полн со успеси и падови, угорници и удолнини, но сепак единствен.

Преполнетиот антички театар од родители, ученици, претставници од јавниот и политичкиот живот како и останатите гости, речиси еден час уживаа и се забавуваа со музичките точки од матурантите како и од изведбата од охридскиот хор. На крај свеченоста  беше заокружена со  традиционалното фрлање на капите на дипломците.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top