Скопјанецот Илиевски прв на целта на Илинденскиот маратон

Севкупен победник на Илинденскиот пливачки маратон кој се одржа денес во водите на Охридското Езеро е скопјанецот Александар Илиевски. Тој стигна прв на целта од маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди 88 стотинки.

 |  Николоска Биљана  | 
maraton
маратон

Александар Илиевски од ПК Студент од Скопје стигна прв на целта на малиот илинденски маратон во пливање.maraton Со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки тој ја преплива два и пол километарската патека, на потегот Горица – Охрид и тоа за прв пат го направи победник во сениорска категорија. Додека пак од женските пливачки најдобро се покажа Теа Калајлиева.

„Не беше толку лесно ова ми е 11 пат како го пливам Охрид под 16 години три пати по ред го освоив маратонот а сега над 16 години прв пат го освојувам маратонот. Цела година се подготвувам ова ми беше како контрола пред охридскиот маратон што е на 24 август“.
„Водата беше добра 24 степени сме пливале во такви услови и тренинзи во Скопје така да не беше многу страшни и толку тешко. Пливав со другар добар Стефан Андоновски добро темпо ми одржа финишот беше пресуден“.

И годинава почесен гостин на илинденскиот маратон беше 84 годишниот Александар Леко Радиќ, легендарното име и таткото на пливањето во Охрид. Тој смета дека традицијата за малиот илинденски маратон доволно ја негуваме но треба негова поголема афирмација.

„Обично  последно време тие што седат овде го следат маратонот порано не беше така се беше со објавување и на малиот маратон има по 2-3 илјади. 00:57 илјади +01:08 Охрид е град без пливачи и вечито ќе бидит се додека немаме зимски пливачки базен. Ми велат многумина имате езеро, а јас им велам езеро е за плажа не е за пливачи за пливачи треба целогодишно пливање“.

maratonДелегатот и секретар на ПК „Охридски бранови 2008“, Никола Маленко задоволен од организацијата.

„Што се однесува до организацијата беше беспрекорна нажалост како што и порано потенцирав одавна немаме струшки пливачи, за среќа годинава имаме двајца охридски пливачи“.

Сите учесници на малиот маратон се закитија со медали, за првите три месета беа обезбедени пехари и парични награди. Награда доби и најмладиот учесник на маратонот Стефан Стефанулевиќ со неполни 10 години, која му ја врчи Александар Маленко, најпознатото име од пливачкиот спорт од Охрид. На 34 тото издание на малиот Илинденски маратон учество зедоа 32 пливачи во две возрасни категории од 15 македонски пливачки клубови. Маратонот го пливаше и Димтри Канаровски како претставник на холандски пливачки клуб.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top