Струшкиот Совет конечно живна

Струшкиот Совет, денес и конечно ги формира Комисиите на советниците и ги именува членовите на Управните одбори во ЈП и ОУ. Советниците воглавно задоволни, со мал исклучок на советниците од ПЕИ, кои сметаат дека како торбеши се недоволно застапени во комисиите и  дека со тоа се дискриминирани.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaСтрушкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница.

„Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“.
 
Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека не очекуваат во иднина проблеми во работењето на Советот. Тој воедно го изнесе и ставот во врска со револтот на советниците на ПЕИ.

„Јас сум член на комисијата за мандатни прашања и именувања таму со консензус ги донесовм сите овие предлози по кои советот денес одлучува. Секој може да се декларира како што сака но ние мора да го запазме законот ние денеска бевме согласни како СДСМ и другите политички партии кои што глесавме член на ПЕИ да биде дел од Комисијата која што работи со заедниците во општина Струга“.  

sednicaВтората седница на струшкиот Совет заврши ефективно, смета Перо Петкоски од ВМРО – ДПМНЕ. И неговиот став во врска со револтот на советниците на ПЕИ, сличен на коалициониот партнер од СДСМ.

„Задоволни сме како што помина текот на седницата, задоволни сме од процентуалното учество на советниците во работата на Комисиите. Нормално како и секаде негде малку имаме и проблем но се решава. ПЕИ се два советници и треба да се изпочитуваат незнам колку процентуално бараат да добијат, меѓутоа треба да се испочитуваат“.

Иако неочекувано, 24 точки на дневен ред  на продолжението на втората седница на струшкиот Совет поминаа глатко. И покрај тоа што поминаа три месеци од конституирањето на советот сеуште останува неизвесена борбата за избор на претседател на Совет. Но исто така неизвесна е и коалицијата на ДПА и ВМРО – ДПМНЕ, за која што веќе се остварени разговори, како што изјави Перо Петкоски од ВМРО – ДПМНЕ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top