Вработените од Проаква бараат да им се платат придонесите за здравствено осигурување

Вработените во МЈП „Проаква“, од април приватно се лекуваат во болничките установи. Дел од нив се револтирани бидејќи од од сопствен џеб ги плаќаат услугите во локалните јавни здравствени установи, кои изнесуваат од 150 до 600 денари во зависност од дијагнозата.

 |  Николоска Биљана  | 
paskali
паскали

paskaliЗдравственото осигурување горлив проблем во МЈП „Проаква“, Охрид. Вработените се револтирани и реагираат бидејќи од април месец годинава доколку се разболат треба приватно да си ја платат сметката за лекување. Тие сметаат дека раководството треба да изнајде начин, нивното право на бесплатно лекување како осигуреици во фирмата каде што работат да им биде овозможено. Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека се соочуваат со сериозен проблем околу исплатата на придонесите,  кој проблем го наследиле од претходното раководство. Додаде дека и покрај тешката состојба не биле глуви на проблемите на вработените.

„Ние иако ги плаќаме придонесите, бидејќи касниме со исплата на истите имаме проблем со дадени здравствени установи, не со сите, бидејќи некои прифаќаат и отпосле достава на плавите картони додека дадени здравствени установи ни фактурираат за услугите извешени према нашите вработени при издадена наша потврда дека вработениот е во работен однос во претпријатието. Ние како фирма со сите вработени наоѓаме разбирање и помагаме значи ние го плаќаме лекувањето. Ако вработениот лекувањето го плати со сопствени средства ние средствата им ги рефундираме.

paskaliПаскалоски нагласи дека овој проблем не е карактеристичен само за Охрид туку е присутен низ цела земја. Тој смета дека проблемот треба да се реши на повисоко ниво за што веќе остварил средба со претставници на Владата и ФЗО на Р. Македонија. Директорот не крие дека со новите електронски картички проблемот ќе биде уште поголем.

„Сега доаѓа и друг проблем со штампањето на новите елекртонски картички. Сега вистина со закаснување го сервисираме тоа закаснување но сега во иднина ако немате платено за тековниот месец не ќе можите да користите услуги од здравствените установи, меѓутоа тоа накнадно ќе го договориме и пегламе“.

Вработените на МЈП „Проаква“ во поголемиот дел од локалните болнички центри може да се лекуваат со потврда од фирмата. Менаџерскиот тим на претпријатието има постигнато договор со менаџерите на дел од болниците како ќе оди плаќањето, со цел работникот да не биде приморан приватно да си ја плати услугата. Летниот период и временските услови го зголемуваат  бројот на лица кои имат потреба од интервенции во здравствените установи. Но секако, покрај маката на луѓето поради која се јавуваат на преглед,  плаќање од сопствен џеб за услугата не би требало да биде причина плус за поголема главоболка.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top