Македонија поразена од Германија со 22:25

Македонската женска ракометна селекција синоќа во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25.

 |  Крсте Голабовски  | 
ERP
ЕРП

Македонската женска ракометна селекција синоќа во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25.
 
Во поголемиот дел од натпреварот Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција. Полувремето заврши со водство на Германките од 11:10. Македонските ракометарки на почетокот на вториот дел изедначија 11:11, а потоа и поведоа со 13:12, но по серијата од 5:1 германската репрезентација направи предност што остана недостижна за селекцијата на Македонија. Најпрецизни во македонскиот тим беа Портјанко со осум и Тодоровска со шест гола, а кај Германките Краузе со 11 погодоци.
 
ERPМакедонија и Германија се во групата Д заедно со Хрватска и Србија кои претходно во натпреварот со кој стартуваше Европското првенство одиграа 30:26.
Во Скопје се играат натпреварите од групите А и Д, а во Охрид Б и Ц. Во вториот круг ќе се пласираат првите три екипи од секоја група.
Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на актуелниот европски шампион Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина. Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија.
За следење на Европското првенство се акредитирани повеќе од 500 новинари и фоторепортери.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top